Моника Пижевска има 19 години и моментално е прва година на Правниот фауклтет при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје каде што студира Политички науки.
Уште на 4 годишна возраст таа го запознава и го засакува лизгањето како спорт и тоа благодарејќи на нејзините родители кои ја носеле на лизгалиште.
На почетокот, се разбира, немала некои особени вештини, но нејзините родители го почувствувале талентот кој го има и со текот на времето и со долгите часови поминати на мразот Моника научила многу работи кои и до денес и се од големо значење. Се разбира, во Македонија условите за лизгање на мраз не се идеални, но и покрај едномесечните тренинзи годишно, желбата да да се биде на мраз не згасна.
Во првите нејзини години на мразот таа немала тренер, но за нејзините вештини е му благодарна на татко и кој ја превземал таа улога и покрај тоа што самиот не лизга, многу се разбира во уметничкото лизгање. Покрај хокеј на мраз, Моника се интересираи за други активности, пред се во полето на младински организации. Обожава да изучува јазици и да патувам.
Моника Пижевска е македонски играч во Хокеј на мраз која цврсто чекори на мразот испишувајќи ја Хокејската исторја на Македонија.
Хокејот на мраз е спорт кој со години е популарен во Северно Американските земји, како и во Русија. Во Македонија за овој спорт знаат, меѓутоа не се сите информирани дека постои како школа за хокеј кај нас. Се разбира, првите реакции на луѓето кога ќе кажам дека тренирам хокеј се многу интересни. Но, како и за се друго, мислењата се поделени. Некои го сметаат тоа за убаво и интересно, со оглед на тоа дека е многу различно од конвенционалната идеја за девојка. Но, постојат и луѓе кои сметаат дека таков вид спорт не доликува на едно девојче заради неговата грубост и мажественост. Сепак вториов поглед е поредок. Зачудувачки е тоа што некои луѓе пак, никогаш не слушнале дека постои хокеј во Македонија, па нивните реакции ми се најинтересни. И покрај тоа што моето запознавање со хокејот беше првично преку уметничкото лизгање, сепак транзицијата не беше лесна. На почетокот бев скептична бидејќи никогаш не сум се интересирала за хокеј, но по неколкудневно размислување одлучив да пробам.
Неверојатно беше чувството што го имав кога ја ставив цела таа опрема на себе, бидејќи во уметничкото лизгање сме минимлно облечени. Можам слободно да кажам дека на почетокот ми беше смешно, но со оглед на шансите за повреди кои можат да се случат во играта, ја согледав неопходноста од толку многу заштити. Тренинзите се одвиваат пет пати во неделата, по час и пол.
Пред секој тренинг неопходно е загревање надвор од ледот, со цел да се загреат мускулите и да се одбегнат повреди.
Тренинзите вклучуваат вежби за лизгање, кондиција, вежби со палица и пак, а најчесто на крајот од тренингот имаме време за кратка утакмица.
Имам учествувано на повеќе натпреваи каде го градев ноето искуство за овој спорт.
Дефинитивно најинтересниот натпревар на кој имам учествувано досега беше напреварот Макеоднија –Канада, каде имав чест да се напреваувам со екипа од Канада во која имаше и машки и женски хокејари.
Имам желба во иднина да се натпреварувам и да бидам дел од поголеми наптервари како што е Балканската Лига .
Искрено имам очекувања и надеж дека во иднина кон овој спорт ќе се приклучат повеќе девојки и ќе станат дел од хокејот.
Популаризацијата ба овој спорт кај девојките ќе помиогне да се отскокне од традиционалниот поглед на масшки спорт, а воедно ќе допринесе до поголема еднаквост на половите J .
Хокејот е спорт на кој треба да се гледа со страст и да се искуси, нема граница дали е машки или женски спорт, тој е предизвик и уметност истовремено – Моника Пижевска.
Автор: Ивана Анѓеловска
Leave a Reply