Од 12ти до 18ти јуни во Подгорица, Црна Гора се одржа тренинг курс со наслов “”Healthy relationships and domestic abuse” во рамки на Еразмус + програмата на кој учествуваа младинските работници Оливер Андреевски и Андреј Наумовски како претставници на Волонтерски Центар Скопје. На тренингот се одржуваа сесии на кои се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат оние кои имаат врски(пријателски, љубовни итн) во кои постои форма на насилство. Потоа, формите на насилство, како да се детектира однадвор, како се реагира доколку препознаеме извршено насилство кај пријател или познаник и како да се превенира.
На тренингот беа присути по двајца младински работници од Ирска, Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Естонија, Грција и Албанија и секој од нив даде свое видување за темата. Сесиите беа плодни, беа искажани различни ставови и споделени статистики и истражувања од државите кои беа партнери во проектот. Во текот на тренингот се разговараше и за престојните младински размени кои ќе се реализираат во Лимерик, Ирска. На тие размени ќе се стави акцент на насилството преку социјалните мрежи, а целна група ќе бидат младите. Во рамки на размените ќе се направи обид да се подигне свеста кај младите за ризикот од споделување интимни информацииво пишана и визуелна форма, и нивна злоуботреба на интернет, особено на социјалните мрежи, а крајниот резултат се очекува да создаде ефективна мерка за неформална едукација на младите во државите партери за злоупотребата на информациите на интернет.
Освен темата на проектот беше разработена и темата на предизвици во рамки на реализацијата на размените. Се разговараше и за драфт агендата, за обврските кои следуваат на младинските работници и организациите, а почетната сесија беше неменета за презентација на организациите партнети и нивната значајност во проектот.
Оливер Андреевски
Leave a Reply