Се започна на 20 Јули. кога преполн автобус од Белгија со извидници со големи торби пристигна во Струга.и со енергија за сите 5 дена од проектот. Се запознавме со пријателски настроените лидери на извидниците и со останатите 10 учесници од групата. И двете групи, македонската и белгиската се здружија и поврзаа, го прифатија предизвикот и продолживме понатаму со игрите за запознавање. Нешто подоцна имавме можност и да се искачиме на планината Јабланица. Беше малку тешко за сите нас но по 7 часа искачување се наградивме себе си со вечерно излегување во кафеана.
Една друга од нашите активности вклучуваше и помош на локалната заедница на Езерски Лозја во Струга со чистење на локалната плажа. И бидејќи сите бевме доволно силни и не се исплашивме од сонцето после работата на езерото се поделивме во 5 измешани групи за Потрага по скриеното богатство. Сите групи мораа да ги откријат знаменитостите на Струга со слики од споменици и познати објекти, како и комуникација со локалното население. Белгијците се обидоа и на македонски. Вечерта ја завршивме со спремање на традиционална белгиска храна. И пред да заминат нашите пријатели од странство направивме и екскурзија до Охрид шетајќи ги низ уличките на градот. Белгиските момци-извидници посакаа да скокната од високите карпи во езерото но брзо сфатија дека мора да останат добри и во форма за македонската традиционална вечер па затоа се откажаа од идејата. Крајот на проектот беше одбележан со традиционална жива македонска музика. Локалните извидници и лидери покажаа и некои карактеристични танци при што девојките и момците од Белгија се приклучија.Зборувавме за некои убави места во Македонија, јадевме ајвар и пиевме бунар. И шлагот на тортата беше огномет што го спремија извидниците со своето искуство. Имавме толку релаксирана вечер и уживавме во друштвото едни со други споделувајќи впечатоци за проектот.
Лаура Бабитите и Крис Мајкен
Leave a Reply