Ерасмус+

Црна Гора и Србија

20170731_195736[1]Местата каде што бев за мојот одмор се во Црна Гора (Будва, Бар, Котор) и  Србија (Белград, Ниш и Нови Сад).Сите имаат свои посебни работи, затоа не можам да објаснам кој е подобар т.е. не може да се направи споредба. Дел од ноќните патувања секогаш бев во хостелот кој ви овозможува да создавате нови пријатели од целиот свет. 25ти август околу 4 часот изутрина бевме на границата со Црна Гора во автомобилот на мојот шеф, редот не беше преполн како што јас мислев.Тие одеа во Јужна Црна Гора за да посетат некој и тој ми понуди да ми овозможи превоз до главниот град на Црна Гора. Кога пристигнавме во Подгорица, зедов автобус за да стигнам до Будва. Требаше време да ме доведе, но околу 6 часот се сместив во хотел. Веднаш го облеков мојот костим за капење и тргнав на патот кон Јадранското Море, за да се олабавам после се што имав.За Будва можам да кажам дека е прилично туристички град, имаше многу руски и европски туристи. Постојат некои историски места кои сигурно станаа извор за приход на секое туристичко место. Котор беше лик на студено место и морето не е брановидно, а плажата е мирна и опуштена.

Но, во Будва има убав живот, а убаво е Котор, само 30 минути оддалеченост од Будва, кои ви овозможуваат да го направите вашиот одмор на двете места “мирен и пријатен”. Навистина беше убаво да бидам таму прилично сум сигурен дека ќе одам повторно. Ах, заборавив да спомнам за Бар иако не сум премногу изненаден од тој град, но е поевтин од Будва и таму има железничка станица. После Црна Гора, требаше да одам во Србија. Иако јас бев возбуден да ја видам Босна и Херцеговина, но за таму немаше воз. Затоа се качив во воз за Нови Сад. Тоа беше, половина денско патување, половина ноќно, па тоа е прекрасно затоа што може да се спие, може да уживате во вашето патување со запознавање нови луѓе или со гледање низ прозорецот.
Имав многу убаво патување иако беше студено кога возот поминуваше низ тунелот. Па, го завршив тоа патување со мојата топла облека и крпа. Нови Сад има свој стил. Ќе знаете за што зборувам откако ќе ги видите другите градови. Останав таму 2 ноќевања. Во саботата се сретнавме со некои локални жители и не однесоа во локалниот клуб.

20170727_155841[1]

Сигурно знаете дека зборувам за вистински турбо-фолк клуб. Беше навистина прекрасно само 30 минути. Ако го разбирав србскиот јазик, сигурен сум дека ќе ми се допаднеше. Потоа заминав за Белград.  Потребно е еден и пол час со воз. И повторно сте во урбаната област. Нови Сад беше мирен град, со не премногу луѓе. Но, ако зборуваме за Белград, можам да кажам дека овој град не спие. Во вторникот се дружевме во хотелот со луѓе од околу 3:30 часот. Решивме да одиме до местото наречено “Манијак”. Кога отидовме таму немаше никој освен нас. До 3:45 се дружевме, а една екипа дојде веднаш потоа уште неколку. Околу 4:00 часот барот беше полн. Јас завршив со четирите дена во Белград. Тогаш јас се упатив кон Ниш.
Ниш е убав град, има и некои музеи кои привлекуваат луѓе, постои меѓународен џез-фестивал во Нишв, беа убаво, но бев уморен по четири дена во Белград. Затоа, за сега се упатувам кон мојот втор дом Скопје.

Автор: Угур Догуш

Превод од англиски јазик: Александра Крстевска

 

20170727_155523[1]

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s