Ерасмус+

Авантурите на лидерскиот митинг во Полска

Krakow 7

Се започна кога се качив во комбето кое не носеше до излезот на Скопје. Од таму се прекачив во автобус кој беше мој движечки  дом во наредните 24 саати. по многуте поминати саати и паузи на некој од бензинските стигнавме во едно мало гратче во полска кое е стационирано во непосредна  близина на границата со Словачка по долгото седење и вртење околу пероните стигна и превозот кој ме носеше до Краков. Уморот го осекав како полкека но сигурно ме обзема. Стигнав во Краков и таму ме пречека организаторот и дел од лидерите  кој требаше да ни биде и домакин на овој лидерски состанок. Таму беа стигнати дел од младинските лидери од другите земји но сеуште не бевме комплетирани не фалеше едена лидерка. По вкусната традицијонална полска вечера се упативме кон ајродромот во близина на Краков да ја пречекаме лидерката од Србија.  Повторно пат…..требаше да стигнеме до малото планинско село кое се вика “  Czarny Dunajec”- ( black river) после пат од саат ипол стигнавме до хотелот каде што престојувавме. Набрзо по пристигнувањето сите заспавме.

zakopane 5

       Нов ден, исполнет со нови активности. Утрото го започнавме со доручек  и утринско кафе потоа заминавме на порошетка низ селото. Прво отидовме до реката која беше во непосредна близина и таму разговаравме за активностите кој ке се одвиваат на семинарот кој ке се одржува кон крајот на Септември. Потоа се упативме кон центарон на селото влеговме во неколку продавници каде има традиционална послка облека. Потоа  имавме некој саат слободно време пред ручекот. Се качивме во комбето и заминавме на ручек. Ручекот беше во еден ресторан кој служеше традиционални јадења. По завршувањето со ручекот продолживме да разговараме за активностите кој ке ги имаме на семинарот. Пота заминавме во соседното селце Закопане. Тоа е мало мсесто кое е наменето повеке за планинарите кој се симнуваат од планината. А има и доста интересни работи кој можат да се посетат како на пример забавниот парк кој има забави за сите возрасти. Пазарот на кој се продаваат сувенири и кожни јакни ,скии теренот на кој можеш да стигнеш или пешки или со жичарница . Но секако не е само туристичката улица која е една и долга и е исполнето со продавници и улични продавачи на пушено сирење и други занимливости. Има  една продавница во која се изработуваат бомбони (како што ми кажаа локалните мештани по некогаш имало и изработка на бобмоните на лице место ) од како го прошетавме центарот заминавме на вечера во еден ресторан.По завршување со сите активност се качивме во комбето и се упативме накај хотелот.  Но и покрај уморот секогаш е добредојдено по едно ладно полско пиво. Се што е убаво кратко трае. Ова беше и последна вечер од нашата дружба. Дел од лидертие си заминаа рано утрото а ние што останавме заминавме сите заедно накај Краков. Другите лидери имаа авион за нивните земји вечерта. Па така останавме да се дружиме уште некое време.

Од тука почнува мојата авантура од како пристигнав во Краков се сместив во едно мало хотелче кое беше стационирано биску стариот град. Ми останаа уште два дена за истражување на градот. Апаратот на рамо и забавата може да започне.

zakopane 3

Автор: Огнен Анчевски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s