Култура

Портрет на Стојан Христов – писателот Борбата за еднаквост и човекови права за сите

Stoyan_Christowe-_Senator-1964

                Стојан Христов е еден од првите 5 американски писатели кои пишувале на англиски иако овој јазик не им бил мајчин. Кога претседателот Френклин Делано Рузвелт умрел на масата била книгата од овој автор- „Ова е мојата земја“.

            Стојан Христов се родил на 15ти Август 1897 во селото Кономлади, во регионот Костур, сега северна Грција, тогаш Отоманска Империја. Екстремната сиромаштија го натерала како и многу други од овој регион да оди во странство. Кога бил на возраст од само 14 заминал за САД низ пристаништето Наполи.

            Во новата земја работел во топилницата на Сент Луис. Потоа работел на изградбата на автопаптот во државите Монтана и Вајоминг. Откако заработил доволно заминал во Чикаго каде посетувал ноќно училиште за англиски јазик. По неколку месеци се запишал на „Универзитетот на Валпараизо“ во Индијана. По 18 месеци студирање Стојан Христов се враќа назад за да го гради оној пат во Монтана. Таму работел во група со други Македонци, и кога заработил доволно пари за да си ги финансира студиите се вратил во универзитетот. Во овој манир на работење-студирање-работење конечно ги завршил своите студии во 1922. По ова почнал да работи како новинар и уредник на неколку весници во Чикаго. За време на  периодот 1922/25 кога бил назначен како уредник на весникот „Хаус орган“ се здобил со американско граѓанство во 1924. По ова започнал да работи како новинар за „Деили њуз“ од Чикаго каде привлекол масовно внимание на читателите со статиите за емигрантите. Бил особено заинтересиран за својата татковина па започнал да работи како кореспондент од регионот на Балканскиот Полуостров во периодот 1927/29. Во периодот 1929/41 работел како фриленс писател во Њу Јорк, а потоа се преселил во Вермон каде останал до крајот на својот живот. Се оженил со жена која имала домородно потекло. Неговиот особен интерес како писател на уметничка литература бил да ја ослика позицијата на својата поробена нација- Македонците. Иако неговата проза ја има темнината и суровоста на секојдневната борба како своја базична предметна линија, е огромно осветлена со обилни дози на оптимизам кој е необично потопен во морето на човековите надежи. Меѓу останатите почитувани позиции кои ги имал во својата татковина- САД, е и дека бил гувернер на државата Вермон, каде во градот Довер е изграден споменик во негова чест. Борбата на Стојан Христов за еднаквост и човекови права за секого е сеуште цитирана во многу американски академски истражувања. Македонскиот Уметнички Совет направи документарец за него- http://www.myamericanpilgrimagemovie.com/#trailer .

од Игор Поп Трајков;

авторот е и преведувач на својот текст од англиски на македонски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s