Младинска Размена “Back to nature”

21016058_1457403934340909_3182563964848770231_o

“Back to nature” е младинска размена, организирана од невладината организација„Hang-Kép Egyesület“ од Дебрецен, Унгарија која се оддржа во периодот од  18.08.2017 – 27.08.2017 во Хортобаги- Унгарија. „Волонтерски центар Скопје“ учевствуваше во размената со свој тим, кој беше составен од 5 учесници и еден тим лидер. Во размената учествуваа 5 земји – Македонија, Италија, Романија, Полска и Унгарија, а пак секоја земја имаше по 5 учесници, вклучувајќи и еден тим лидер. Местото каде што престојуваа младите учесници – Хоертобаги,е несомнено, едно од најголемите пасишта во Европа, но воедно и национален парк. Покривајќи површина од 82 000 хектари, Хоертобги е вистински доказ за хармоничниот живот на флората и фауната, вклучувајќи 342 вида птици, огромен број мочуришта и езерца. Одалечено на само 36,5 км од вториот по големина најголем град во Унгарија –Дебрецен , Хортобаги место кое што изобилува со градби кои што ги будат спомените од минатото.

20988275_1453958594685443_818884300289997295_o

Најпрво, нашиот тим од Македонијапристигна во Будимпешта, главниот град на Унгарија. Тие два дена имаа можност да ја искусат убавината на овој величествен и историски центар на Европа. Во Будимпешта, тие го посетија познатиот Парламент, базиликата Свети Стефан, Ланчениот Мост, и уште многу други знаменитости.

По престојот во Будимпешта, тие се упатија со воз кон Дебрецен (вториот најголем град во Унгарија). Во Дебрецен, тие беа дочекани од еден од организаторите на младинската размена, кој ги однесе до местото каде што се одвиваше младинската размена.

21244487_1856081964409183_84331265_n

Пристигнувајќи уште првиот ден во Хортобаги, секој од учесниците ја имаше можноста да ги искуси убавините на националниот парк, градбите и да го почувствува ехото на природата кое одекнуваше низ малите,тесни, и мирни улички. Поттикнати од природните убавини и целта на проектот – која беше   зголемување на свеста кај младите  за нивните внатрешни и социјални вредности додека се во природа, во младите учесници се разбуди волонтерскиот дух, спремен за безбројните активности кои следеа таму. Започнувајќи со активности со цел за меѓусебно запознавање, учесниците полека но сигурно ја совладаа бариерата и  ги споделија своите искуства и знаења.Утринските активности – energizers, игрите со имиња, многуте забавни активности , и Унгарската вечера го заокружија првиот ден. Запознаени со околината, и целосно спремни за нови предизвици, младите волонтери помогнаа во огромен број задачи во болницата за птици, започнувајќи од чистење на кафезите на ранетите птици, малите езерца, па се до фарбање на оградата. Прифаќајки го секој предизвик, волонтерите се покажаа во вистинското светло, како храбри, целосно посветени и бестрашни учесници. Како вешти фотографи и корисници на смарт телефоните, следеше следната активност, за која беше потребно да се направат фотографии од различни перспективи од различни објекти, со цел стекнување на подобри способности во сликање, но воедно и запознавање со сите природни убавини кои што Хортобаги ги нуди.                Како истражувачи и авантуристи, волонтерите се пронајдоа себе си пловејќи по реката која минува низ Хортобаги, извршувајќи ја една од најзабавните, и најинтерсните активности. Неминовно е да се спомене и ескрузијата до градот Дебрецен којшто е втор по големина град во Унгарија, на која младите учесници имаа шанса да се запознаат со многубројните карактеристични градби и нивната архитектура, плоштадот, големата црква,но исто  така и да уживаат во слободно време. Како место со богата флора, и огромно изобилство на чаеви и лековити билки, беше одржана презентација во болницата за птици, на која младите се запознаа со огромното богатсво на чаеви, па дури испробувајќи неколку од нив.  Сепак, покрај целата волонтерска активност, неминовно е да се спомне поголемата и поенормна придобивка, која младите ја стекнаа,  а пак тоа се несомнено  – знаењето, вештините и различните способности. Споделувајќи  различни знаења , култури, и вредности, секој успеа да се изгради и надогради на свој начин. Совладувајќи ја јазичната бариера и сите останати пречки кои стоеа на патот, нашите погледи за светот значително се проширија. Севкупниот број на работилници, активности и игри беа главниот двигател преку кои на еден многу лесен и едноставен начин, за само една една недела, помогнаа да станеме многу повеќе од пријатели.И покрај фактотдека секој доаѓа од различен дел од Европа, со различни националности, не претставуваше никаква пречка во дружењето и забавата на учесниците, туку напротив, споделувањето на културите, традициите и јазикот на својот народ ги сплоти учесниците во една хармонична и единствена мултинационална заедница. Слободното време го поминуваа во дружба, создавајќи заедно спомени, кои несомнено, засекогаш ќе останат во нивното сеќавање. Својата кулминација, пријателството ја достигна последниот ден, кога блискоста меѓу членовите се почуствува најинтензивно. Спремни за разделба, со по некоја солза тук таму, и со писменце во рака, младите волонтери се испратија, гушкајќи се, како да е последен пат.

 

Aleksandra Krstevska, Marija Burgieva,

Valerija Ilievska , Anastas Kitanovski

Damjan Georgievski, Kristina Lukanovska

21362800_1814558085235990_572341025_n

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: