Истражување на медитацијата и спиритуалноста

Еднаш, една мудра душа ми го кажа ова: „Животот е проманлив. Секогаш сѐ се менува –  нашиот изглед, возраста, технологијата, модата, нашите пријатели. Една работа која останува константна, и не се менува од моментот на нашето раѓање до моментот на смртта е дишењето. Секогаш вдишуваме, и секогаш издишуваме. Ова е многу важно.“

Има многу начини за медитација, и едно нешто кое останува непроменето е дишењето.Ако се сконцентрирате и вдишете бавно, го задржите здивот неколку секунди, а потоа бавно го испуштите здивот, всушност ќе се чувствувате подобро. Посмирени, помалку анксиозни и порелаксирани. Можеме да кажеме дека ова е навистина еден вид на медитација. Сега, кога веќе ја најдовме главната врска, можеме да видиме и некои други форми на медитација. Морам да напоменам дека ова се заснова врз различните искуства и мислења на различни луѓе.

columnar-945653_960_720Светлината е важен дел во спиритуалноста, бидејќи се обидуваме да ја завртиме нашата свест и нашиот дух од темнина кон светлина. Еден начин да се постигне ова е со користењето на боите. Различни бои (како црвена, портокалова, виолетова, зелена и др.) имаат различни лековити и енергетски својства. Ова може да се постигне со едноставно визуелизирање на боите и прифаќање на вашето битие во таа боја. И додека ние зборуваме за бои, би сакал накратко да ги споменам чакрите. Директното значење на чакра е „тркало“ на енергијата, и имаме 7 главни чакри во нашето тело. Почнувајќи од основната ќакра, која се наоѓа во најдолниот дел на р’бетот, па сѐ до последната чакра која се наоѓа на врвот на главата. Кога не се чувствуваме пријатно, болест, или некоја внатрешна болка, повторно полнење на чакрата која е најблиску до местото на болката може да помогне. Освен ако е нешто што треба да се прегледа на доктор. Јас пробувам да ги наполнам чакрите колку што можам повеќе.

Мантрите се силна форма на медитација, и навистина можат да направат чуда во менувањето на свеста и нашите верувања на подобро. Јас ги повторувам мантрите колку што можам почесто, и треба одредено количество дисциплина, особено ако ги кажувате со молитви. Најефективните мантри се оние кои постоеле со стотици, па дури и илјадници години. Колку повеќе се повторуваат мантрите, толку псоилна станува енергијата која тие ја носат. Јас би препорачал да пробате некоја од Ведик мантрите, ако сте заинтересирани.

monkСпоред моето искуство, се осигурувам дека секогаш имам дневник за медитација или духовноста во близина за сите епифании, духовни пораки, длабоки духовни искуства, или дури и само за визии што се гледаат преку третото око. Понекогаш се трудам да воспоставам посилна врска со Господ, или повисокиот јас, суховни водачи, ангели, Универзумот, бесконечна интелигенција, или што било. Она што е најважно да го запаметите е дека секогаш има нешто повеќе и поголемо од нас. Ние не сме најсупериорните нешта.

Отсекогаш сум ги ценел источните методи и практики на медитација, како на пример Тибетските монаси, или луѓето кои посветуваат време да одат во храмовите и ашрамите за да се откријат, а потоа да живеат како вистинските нив. Дисциплината која ја практикуваат за дневна медитација е неверојатна. Јас не следам ниту една специфична религија, јас земам и учам работи од различни религии, а останатото го отфрлам. Исто така, не ги осудувам верувањата на другите луѓе , затоа што можам да научам различни нешта од различни луѓе. Буда учи дека просветлувањето е крајот на страдањето. Луѓето прашуваат „Што е точно тоа?“. Па, тоа е поентата! Ако Буда рекол дека просветлувањето е, да речеме „среќа“ на пример, тогаш луѓето би ставиле разни „етикети“ и верувања за тоа и би го направиле да изгледа нешто за што би требало многу време за да се постигне. Фактот дека тој вели дека е крај на страдањето, го прави просветлувањето многу полесно да се постигне.  Животот е едноставен, само ние го правиме комплициран.

Ако оваа тема ве заинтересира, тогаш можеби сте заинтересирани да истражите повеќе за спиритуалноста, како на пример светата геометрија, реики, моќта на Сега, и законот за атракција. Сѐ можете да најдете на интернет, има многу работи кои можете да ги научите на You Tube. Посетете ја и страната Spirit Science, видеа за манифестации, и ако медитацијата е ново нешто за вас, пробајте ги медитациите со водич.

До следниот пат… Намасте.

Крис Маикен

Преведе: Дамјан Георѓевски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: