Едукација

Проект за претприемачи реализиран со професори од 15 училишта во Македонија

DSC_0227.JPG„Култур Контакт“ од Австрија, како главен носител на регионалниот проект, заедно со националните партнери Министерството за образование и наука (МОН) на Република Македонија, Центарот за стручно образование и обука, како и Волонтерски Центар Скопје,  вклучувајки 15 училишта за средно образование на територија на Република Македонија, во периодот од мај до септември годинава успешно спроведоа циклус на три обуки за проектот: „Учење претприемништво“.

Претприемништвото, на европско и национално ниво, се издвојува како клучна компетенција која придонесува за економскиот развој и лично надоградување на професорите, како и вклучување на нови методи за унапредување на предметите од тоа поле. „Култур Контакт“ од Австрија заедно со експерти од Австрија, Косово, Македонија и од Албанија изготвија програма за обука на наставници и материјали за предавање/учење со нови иновативни методи и пристапи кон претприемничкото учење.

Циклусот на обуки од областа на претприемништвото досега дадоа позитивни резултати што придонесуваат како кај професорите надоградување на своите знаења и вештини, така и кон зајакнување на знаењата и вештините кај учениците со крајна цел – градење на идни млади претприемачи во Македонија .

Во текот на трите обуки од проектот „Учење претприемништво“, учество земаа 28 професори од 15 средни училишта низ Македонија, додека обуката се организираше на македонски јазик со превод на албански јазик.

По завршувањето на циклусот, професорите ќе се стекнат со сертификат за успешно помината обука, а воедно ќе добијат прирачник на македонски и албански јазик што ќе можат да го користат во текот на нивната настава.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s