Ерасмус+

Младинска размена “Teen Healthy Relationships” во Ирска

IMG_8659  Од 29 Август до 4 септември, петмина членови на Волонтерскиот Центар
Скопје беа испратени на младинска размена во Лимерик, Ирска. На истата
размена учествуваа и Грција, Турција, Србија, Хрватска и секако домаќините,
Ирска. Темата на младинската размена беше „Здрави односи/врски“, а сите
учесници ја имаа можноста за време на размената преку различни
работилници да навлезат подлабоко во темата. Дискусиите овозможија
учесниците да се запознаат со повеќе видови на злоставувања, односно
малтретирања кои може да се случат во една врска, како на пример физичко, емоционално, социјално, економски и слично. Работата со професионалци на
оваа тема, учесници со искуство и учесници кои прв пат се сретнуваат со оваа
проблематика беше прекрасно, едукативно искуство на кое секој го сподели своето мислење и најважно, како нивните земји се соочуваат односно справуваат со истиот проблем.

Домаќините, како професионални на оваа тема, претставувајќи ја најголемата организација во Ирска која работи со жени и деца кои се жртви на домашно насилство, дадоа целосен осврт на оваа тема, а учесниците научиа многу за овој проблем, како да го препознаат, како превентивно да реагираат, како да се справат со истиот и како да продолжат понатаму откако ќе реагираат. Прекинувањето на стереотипите, дискусиите, излегувањето од зоната за удобност и свесноста за  препознавање проблем пред да ескалира, беа некои работи што нашите учесници ги правеа на дневна основа. Покрај тоа, волонтерите од Волонтерскиот Центар Скопје се запознаа со многу млади луѓе од различни земји, створија долготрајни пријателства, се забавуваа и посетија некои неверојатни места во Ирска. Накусо, тие се среќни за такво искуство и со нетрпение ја очекуваат следната размена во Ирска, која е предвидено да се случи во ноември.

Автори: Ванеса Прцуловска , Никола Думовски, Наташа Иваноска, Мине Ирбаими, Андреј Наумовски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s