Јоханесбург и КејпТаун
Јужноафриканската република, или како што локалците сакаат да ја нарекуваат со сленгот„Мзанси“, може да биде навистина прекрасно место – ако сте на вистинските места, секако! Како и секоја држава, Јужноафриканската република има и добри, и лоши страни, но јас ќе се фокусирам на добрите, бидејќи оваа држава има навистина многу работи да понуди, a исто така запознав и многу пријатели кои сакаат да ја посетат Јужна Африка, па затоа ова ќе биде неофицијален водич за магијата на „Мзанси“.
Јоханесбург
Јоханесбург е најголемиот град во Јужна Африка и има два прекари, и тоа: „Јо’бург“ или “Јози“. Во поголемиот дел на Јоханесбург живеат околу 10 милиони луѓе, и тие областиму носат на градот најголем бруто домашен производ, бидејќи во овие делови на државата ги има најуспешните бизниси и најсилните економии. Исто така, градот е познат и под името „Град на златото“, но само поради тоа што во 19от век овде имало населба за луѓето кои работат во блискиот рудник за ископување на злато. Овде има и област која се вика Совето, каде што живееле лидери, како Нелсон Мандела и Дезмонд Туту. Овде, исто така можете да ја најдете и куќата на Мандела, која е претворена во музеј.
Други музеи кои вреди да се посетат се и „Apartheid Museum“ (кој ја илустрира приказната за апартхејдот во 20от век во Јужна Африка); „Hector Pieterson Museum“ (кој го бележистудентското востание во Совето); музејот „Constitution Hill“ (затвор кој е стар еден век, кој сега е Висок Суд, и нуди изложби за локалната историја); „MuseumAfrica“ (кој има културна историја, геолошки и фотографски колекции); „SAB World of Beer“ (музеј на пивото, раководен од јужноафрикански пивници), и ова е само дел од музеите кои треба да ги посетите!
Ако сте вљубени во природата и дивиот свет, можете да ги посетите: „Lion Park“ (конзерваторски простор за лавови, голем 600 хектари); „Botanical Gardens“ (добро место за различни активности, како: правење пикник, возење точак и сл.); „Johannesburg Zoo” (со околу 320 видови на животни); „Zoo Lake” (уживајте во боќање или пијте пиво); „Melville Koppies” (одлично место за планинарење), а исто така ви го препорачувам и местото „Cradle of Humankind”, кое е оддалечено 50 километри од Јоханесбург, каде што ќе најдете пештери и фосили.
Атракции кои исто така го провлекуваат вниманието на туристите се и: забавниот парк „Gold Reef City”, каде што ќе најдете различни луди железници други забавни игри, но и 4D кино. Една игра која што мислам дека морате да ја испробате е „Tower of Terror”! Нема да коментирам ништо за ова. „Neighborgoods” е пазар за рачни изработки, кој што вреди да се посети, и многуте барови и ноќни клубови (кои нема да ги иманеувам, затоа што ги има многу) кои можете да ги посетите во областите на Fourways, Sandtonи Rosebank.
Кејптаун
Кејптаун, главен град на Јужна Африка и убав крајбрежен град, е еден од многуте мултикултурни градови во Светот, а во 2014 година, беше именуван за најдобар град за посета, од страна на American New York Times и British Daily Telegraph.
Една од најголемите туристички атракции во Кејптаун е Table Mountain, која е планиан со рамен врв, со поглед на градот. Одлично место за планинарење, а исто така можете да стигнете до врвот со жичарница. Kirstenbosch National Botanical Garden нуди патеки за пешачење, со ретки видови растенија и прекрасни планински погледи. Одлична плажа која треба да ја посетите е Boulders Beach, која се наоѓа меѓу гранитни камења, каде штоможете да видите колонии на пингвини. Cape Point е јужниот крај на полуостровот Кејп, и овде имате прекрасен поглед, бидејќи ова е местото каде можете да го видите спојувањето на Индискиот и Атлантскиот Океан, и различните бои на водата!
Има и предградие, Константија, овде се прозиведува голем дел од виното во Кејптаун, а исто така ова е и одлично место за посета за Constantia Wine Route, кое ги поврзува многуте винарии во долината Константија. Кејптаун има и многу плажи. За оние кои уживаат во сурфање на вода, погодна е плажата Muizenberg Beach, каде можете да најдете и училишта за сурфање, ресторани барови, и кафулиња, каде можете да се одморите. Познавам многу луѓе кои велат дека Muizenbergе одлично место за сурфање на вода, но исто така и одлично место за да научите да сурфате, бидејќи брановите не се многу големи.
За оние кои го сакаат ноќниот живот, има одлични места за посета, како Camps Bay. Местото се наоѓа веднаш до плажата, а Camps Bay има многу стилски клубови кои можете да ги посетите. Кејптаун има еден дел во центарот, кој се вика Long Street. Но не попусто се вика Long Street (Долга Улица), бидејќи тоа е огромна улица која е долга неколку километри, а таа е исполнета со клубови, ресторани и кафулиња! Одлично место за посета ако сакате добра забава, но не сте сигурни кој амбиент ви се допаѓа.
Пред да завршам, би сакал да нагласам дека Јужна Африка е прекрасно место, но исто така е и држава со голема стапка на криминал. Ако се одлучите да посетите различни места од државата, бидете сигурни дека имате некој до себе кој добро ја познава државата. Или патувајте со група на луѓе. Има уште многу скриени скапоцени камења кое ова тло може да ги понуди, но тоа мора да го откриете само вие, во вашиот сопствен Мзанси!
Крис Маикен
Leave a Reply