Градоначалникот на Скопје – гостин на ВЦС

_MG_5835

Волонтерскиот центар Скопје вчера беше домаќин на актуелниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, кој изрази желба да се увери како работи нашата организација, кои се нашите активности и планови, како и проблемите со кои што во секојдневното делување се соочува невладиниот граѓански сектор. Магазинот „Воисес“, активностите во Дневниот центар во Шутка, работата на десетици волонтери од земјава и од странство, но и подготовката на престојниот НВО – саем, кој што ќе се оддржи во декември, а чиј што организатор сме по трет пат, беа во фокусот на неговиот интерес.

koce1

Трајановски, пак, ги презентираше проектите за продлабочување и понатамошно развивање на соработката со невладиниот сектор и со Здруженијата на граѓани. На градоначалникот му беше укажано на кој начин градот ќе може поактивно да се вклучи во подобрувањето на статусот на невладините организации и остварувањето на нивните цели и идеи.

_MG_5836

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: