Животен стил

Никола Поповски: Како мојот филм победи на Фестивалот во Монтреал

6

Уметност за доброто на уметноста

Никола Поповски е режисер. Додека беше средношколец, започна да размислува за својата иднина како режисер. Од детството е вљубен во филмови, ужива гледајќи ги одново и одново. Подоцна, смета дека некои други професии и занимања се здодевни. Но, да се прават филмови е интересно. Неговиот близок роднина отиде да студира филмска режија на универзитетот во Сен Дени, во Франција. Тоа беше моментот што ја запали искрата. Никола стигна до филмскиот центар во локалниот младински центар, каде што зеде курс за правење филмови и тоа беше начин да се започне.

КАКО ДА ГО СЛЕДИШ СВОЈОТ СОН

Тој вели дека никогаш не помислувал да стане актер. Се препозна во режијата, па да биде оператор, продуцент или актер беше втора опција. Во филмовите, режисерот е главен творец, но во театарот имаме спротивна ситуација, бидејќи некои актери го прават спектаклот жив и свеж и тие се еднакви со режисерот. Никола сака да прави емотивни работи за публиката и сака да ги прикаже актерите во својата визија за некоја актерска игра, или да го претставува ликот на екранот.

2

ПАТ КОН ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ

Минатиот месец тој беше во Грција каде што неговиот филм „Последните камбани” беше во конкуренција на интернационалните кратки филмови. Неколку недели претходно, тој ја освои првата награда на Светскиот филмски фестивал во Монтреал.

“Искрено, воопшто не го очекував тоа, бидејќи конкуренцијата е огромна”, вели Поповски.

Првиот професионален филм на Поповски не е првиот македонски што успеал на глобално ниво, но е првиот во целосна македонска продукција што освои голема награда.

“Тоа не е главната поента, бидејќи најважно е филмот да дојде до публиката, да стане глобално признаен и се надевам дека ќе отвори нови перспективи за понатамошно фестивалско учество”, објаснува Никола.

На фестивалот во Монтреал учествуваа педесетина филмови, па честа е голема! Филмот укажува на нешто што исчезнува и не охрабрува да не се предаваме и да се обидеме да се справиме со промените што околу нас се случуваат на секојдневно ниво.  Изработка на филм без дијалог е предизвик за секој режисер, бидејќи не само што во филмот нема дијалог, туку затоа што тоа е чиста форма на живот. Никола има чувство дека овие филмови се обидуваат да молчат само за да молчат: “Уметност за доброто на уметноста”. Тој признава дека се нашол во ситуација кога гледајќи го филмот добил чувство дека е „исфорсиран“, но драго му е што публиката не мисли така и што го „впива“ во еден здив.

1

ПРИКАЗНА ЗА СВЕТОТ «

“Тоа не е приказна која може да се случи само на Балканот, може да се случи насекаде”, вели Никола.

Кога ќе го видите филмот немате информации дека тоа се случува во Македонија, тоа е само едно село што е напуштено, всушност, оваа приказна може да се случи насекаде. Тој се обидува да го претстави целиот свет и верува дека новата генерација треба да размислува глобално. За приказната, го одбрал најдобриот актер за оваа улога – Мето Јовановски. Тој е икона за македонската кинематографија.

“Мето, всушност, во меѓувреме остарел, а тоа како да не сме го забележале, па никој не му дал улога на старец, кој е осамен и слично. Му пријдов, бидејќи навистина сакав да го имам во филмот. Тој го увиде потенцијалот на приказната и прифати. Рече: ‘Ова е добро, може да биде препознаено на глобално ниво, ајде да го направиме тоа!‘. И го направивме“, раскажува Поповски.

Лично, вели, сакам публиката најпрво да ужива во моите филмови, и во тие моменти на задоволство, верува дека нешто во рамките на нивната совест може да предизвика нешто што ќе ги натера  да размислуваат за социјални, политички, психолошки прашања, емоционално… Никола верува дека улогата на киното треба да биде важна во многу аспекти, а публиката да го препознае тоа и да го доживее на вистински начин.

“Всушност, она што сакав да го кажам мора да дојде од приказната, односно да не се истакнува во приказната”.

ПРЕДИЗВИЦИ ЗАД СЦЕНАТА

Никола ни раскажа анегдота од снимањето на филмот.

„Ни требаше коза, па отидовме кај еден човек. Го прашавме што бара за возврат, а тој ни одговори: ‘Може, ама ќе треба да ги земете двете‘. Му велиме дека ни треба само една и подготвени сме да платиме. ‘Да, ама мора да ги земете двете, оти тие се поврзани меѓусебе. Ако едната не сака да оди, нема ниту другата. Тие мора да бидат заедно цело време‘. И така, имавме две кози, една пред, а една зад камерата“, се смее режисерот.

Изборот на локацијата беше еден од предизвиците со кои што се соочи филмската екипа. Најпрво го пребарувале скопскиот регион, барајќи цркви со ѕвона, но не го нашле тоа што го замислиле. Никола се присетил дека на југот од земјата постои тоа што му треба, па му се јавил на пријателот, кој живеел таму и го замолил да фотографира, а сликите да му ги испрати на е-маил. Ѓтом пристигнале фотографиите – немало дилема. Но, таму, пак, немало хотели за сместување на екипата. На крајот, сепак, успеале да пронајдат барем еден.

5

ПОДДРШКА ОД НАЦИОНАЛНАТА ФИЛМСКА АГЕНЦИЈА

Македонската филмска агенција е единствената асоцијација што финансира филмови во земјава, се аплицира и доколку им се допадне вашата идеја – може да добиете парична поддршка. Тоа е нормална процедура насекаде. „Последните камбани“ имаше буџет од 26.000 евра. Никола се присетува дека на фестивалот учествувал белгиски филм со високо ниво на продукција, кој траел 29 минути и располагал со буџет од 400.000 евра.

„Бев шокиран, затоа што мојот филм имаше 12 пати помал буџет. Но, си реков дека тој филм не може да биде толку наградуван ниту во Белгија ниту во Македонија. Имам колеги што прават филмови со 250.000 евра. Но, буџетот е релативна работа. Во земји со развиена економија, цените се повисоки е се е поскапо“, заклучува Поповски.

НОВИ ПРОЕКТИ

“Последните камбани” беше неговиот прв професионален филм. Потписник е на два кратки документарни филмови, еден краток филм, како и на 150 епизоди од „Македонски народни приказни“. Овој проект беше поврзан со македонскиот фолклор и локалното наследство.

Неодамна, Никола ја заврши пост-продукцијата на новата ТВ-серија од 10 епизоди за нашиот познат поет Кочо Рацин. „Ние сме мала земја и немаме голема филмска индустрија, ниту, пак, телевизијата е доволна развиена, но оваа серија  беше финансирана од МНР и имаше буџет од 370.000 евра”, вели Поповски, кој работи и на продукција на својот прв игран филм.

3

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s