Локални активности – Октомври 2017

_MG_5993

Крајот на октомври се надѕира, зарем не е дојден моментот да сумираме што сме правеле месецов?

Тимот на Волонтерски центар Скопје имаше полн распоред, летото заврши, есента пристигна, но поимот здодевност за нас е непознат.

This slideshow requires JavaScript.

Месецов започна со учество на тројца волонтери на среднорочен ЕВС тренинг, по кој се вративме со нова енергија. Курсот по руски јазик продолжи без пречки, а организиравме и две филмски вечери – по една литванска и јужноафриканска. Додека работевме на новото издание на „Воисес“, зедовме здив преку дружба на „Јазично кафе“, присуствувавме на работилници на Фотошоп и Дизајн, кои што ни помогнаа во подобрување на нашите вештини. И покрај тоа што останавме без вредниот член на нашиот тим – Лаура, на која и посакавме среќен пат, време за одмор немаше. Реализиравме четири работилници во центрите за кариера и ги насочивме младите кон толеранција и разбирање кон различните религии и верувања. Преку активностите за тим – билдинг, објаснивме дел од техниките за интеграција. Заедно со локалните волонтери, организиравме уште една сесија во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“, а главната тема беше токму тоа: тим билдингот. На учениците им ги презентиравме најважните поенти на тимскиот дух, соработката и комуникацијата, односно како да работат како тим и како заедно да ја постигнат целта.

_MG_5591

Доколку сакаш да знаеш каква ќе биде темата на нашите следни сесии, слободно посети не следниот месец во училиштето „Васил Антевски – Дрен“. На крајот од октомври, бевме во Прилеп за да видиме што работат другите невладини организации. Се читаме следниот месец!

Ваш ВЦС Тим

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: