Ерасмус+

Магазинот „Воисес“ – член на Мрежата за медиумска писменост

_MG_5911

Здружението за волонтеризам Волонтерски центар Скопје, односно Младинскиот магазин „Воисес“, во четвртокот стана 36. член на Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија. Коалицијата е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава, кои работат на подигнувањето на нивото на медиумска писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.

_MG_6008

Во Мрежата партиципираат јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи и радиодифузери. Предвидена е со Програмата на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги за поттикнување медиумска писменост 2016 – 18 година.

Промовирањето на медиумската писменост значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на граѓанска свесност. Граѓаните кои се медиумски писмени се свесни за содржината што ја користат, како ја нашле, кој ја направил и со која цел. Покрај тоа, тие ја користат мудро, етички и ефективно.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s