Uncategorized

Локална дискусија „Информирани и вклучени млади“

Почитувани,

Ве известуваме дека Коалиција Сега за почна со реализирање на локални дискусии, на тема „Информирани и вклучени млади“, како дел од активностите на проектот „Младинското информирање како основа за младинско учество“, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка од Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата Еразмус +, клучна акција 3 (Структурен дијалог).

Една од предвидените дискусии ќе биде реализирана на територија на Општина Центар, следниот четврток, 9-ти Ноември 2017 година, во периодот помеќу 11 и 13 часот, во Канцеларијата за млади на Општина Центар. Локалната дискусија ќе вклучи учесници од следниот профил: млади (средношколци, студенти, невработени млади, волонтери и млади кои се вклучени во НВОи и граѓански организации), како и донесувачи на одлуки на локално ниво. Целта на дискусијата е да сe приберат мислењата и ставовите на младите и претставниците на локалните самоуправи во однос на младинското информирање како основа за поголемо младинско учество и потребата од отварање и функционирање на Младински Информативни Центри во секоја општина во Р.Македонија, со што ќе се обезбеди инпут за Националната конференција што ќе се одржи во периодот од 6 – 9 декември 2017 година.

За повеќе информации, контактирајте го нашиот локален координатор на дискусијата, Ѓоко Вукановски, на следниов мејл: gjoko.vukanovski@gmail.com;

Advertisements

Categories: Uncategorized

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s