Почитувани колеги и соработници,
Го имаме задоволството да ве информираме дека Волонтерски Центар Скопје, во соработка и со поддршка на Град Скопје, и оваа година, трет пат по ред, на 6-ти Декември, во просториите на МКЦ (младинскиот културен центар) повторно ќе организира НВО Саем, овојпат со наслов “Активно граѓанство = Подобро Општество”. Одбраниот датум за одржување на саемот е во насока и на одбележување на 5-ти Декември, меѓународниот ден на волонтерството.
На саемот е предвидено своја презентација, во форма на штанд, да имаат здружениј/фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но исто така и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат/спровеле за бенефит на граѓаните на Град Скопје. Доколку сметате дека спаѓате во овие категории на организации и здруженија, слободно пополнете ја апликацијата за учество со свој штанд на НВО саемот. Апликационата форма можете да ја најдете наследниов линк:
Пријава за учество на НВО САЕМ “Активно граѓанство = Подобро Општество”
|
За подобро вмрежување на присутните здруженија/фондации, оваа година предвидовме и организација на три тематски мини-форуми, на кои што вие и вашето здружение можете да завземете учество (доколку сте заинтересирани, не се задолжителни). Регистрацијата за учество на форумите е во склоп на самата апликација за учество на НВО саемот. За време на форумите, ќе се запознаете подобро со работата/активностите на други сродни здруженија и ќе имате можност да дискутирате за идеи/сугестии за понатамошна соработка.
Во прилог на овој мејл можете да ја најдете поканата за учество, со предвидената агенда. На следниов линк е и ФБ настанот, кој го креиравме за оваа пригода: https://www.facebook.com/events/1903614173000258/
Ве замолуваме најдоцна до 27-ми Ноември 2017 година да ја пополните потребната апликација, со што ќе го потврдите вашето учество на НВО саемот.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете ни се на долу обезбедените контакти, како и на следниов телефонски број: 078/374-719.
Срдечен поздрав и секое добро,
Ѓоко Вукановски
Координатор на НВО саемот
Leave a Reply