Едукација

Медиумска писменост: чекор кон инклузивно општество

slika 1Креирање поголема толеранција кон културните различности низ Европа, како и развивање критички однос врз пропагандните медиумски производи се главните цели на проектот: „Медиумска писменост: чекор кон инклузивно општество“, кој во периодот од 31 октомври до 7 ноември 2017 се оддржува во Струга, Република Македонија. Вкупно 29 учесници од осум европски земји (Македонија, Данска , Бугарија, Грција, Летонија, Шпанија, Словачка и Италија) кои воглано се занимаваат со новинарство, социјална и младинска работа, ги пренесуваат искуствата од своите средини и дискутираат за моќта на медиумите во создавање или искривување на реалноста како последица на силното влијание што мигрантската криза го има врз европските држави.slika 4.jpg

Седумдневната обука треба да придонесе кон искористување на медиумските алатки во креирањето силни пораки што ќе придонесе за функционирање на мултиетничките општества во Европа, зголемување и подобрување на квалитетот во однос на активностите поврзани со мигрантите, како и вклучување на младите луѓе во изградбата на потолерантни средини.

Проектот имаше два дела, при што првиот се оддржа во Архус, Данска во периодот од 5-9 октомври 2017, каде беше организирана и конференција. Организатори на проектот се Волонтерски центар Скопје и Европскиот центар за медиуми на зедниците во Архус („European community media centre Aarhus“) од Данска со поддршка на Данската национална агенција за програмата Еразмус +  на Европската Комисија .

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s