Ерасмус+

ЕВС во Сандански: Враќање на Балканот и неговиот специфичен дух

22198919_10212341915576132_1322469830_o (2)

Јас сум Елена и учествував на краткорочен ЕВС проект во Сандански. Бугарија е соседна земја на мојата татковина, и сигурно сте љубопитни зошто избрав да учествувам токму тука? Прво, бидејќи последниве неколку години сум отсутна од дома и навистина ми недостига Балканот и неговиот специфичен дух. Покрај тоа, важна беше и главната наша задача: бевме вклучени во подготовката на „Младинскиот балкански фестивал“. Родена сум во мал град блиску до границата на Бугарија и искрено,, само убави спомени ме врзуваат таму. Но, никогаш порано не сум била во Сандански, кој што е рекреативен центар во југозападна Бугарија, дел од провинцијата Благоевград. Градот има погодна локација, блага клима и релативно висока концентрација на извори на термални води, што го прави популарна за одмор и за рекреација. За мене лично, ќе кажам дека сум патувачка душа, но после долго време решив да се вратам некаде каде што ќе пронајдам мир. Кога станува збор за проектот, тој беше толку разновиден и интересе, спој од подобрување и реализирање на самиот себеси и допирање на врвот – мојата среќа! Можам да ги доживеам сите различни аспекти на работењето, улогата на организацијата преку имплементација на настани за нивната промоција на социјалните медиуми и дознавање повеќе за европските проекти.

22198993_10212341881455279_1633387973_o

Во оваа кратка статија, сакам да ја споделам позитивната енергија што ја понесов од програмата ЕВС, предизвиците со кои може да се соочите и позитивните аспекти што следуваат. Го завршив мојот проект, па убаво е да се размислува кога се започна. Исто така, не можам да дочекам да видам што ќе се случи следно!

22219355_10212341916336151_1781468948_o

Еден од најдобрите делови на ЕВС, според мене, е големата заедница на волонтери. Ќе добиете шанса да запознаете многу луѓе од цела Европа, секогаш има што да се прави, места за посетување, и секако, забавни вечери! Да се биде далеку од дома не е секогаш лесно, но ќе бидете опкружени со истомисленици и верувајте, времето ќе летне.

Елена Спасовска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s