Интервју

Интервју со Ели Чочова

4

Перформансот е еден од поблиските медиуми на изразување; поврзувањето со човечката енергија, можната интеракција со публиката, непредвидливоста на изведбата, моментот на изненадување…“, вели уметничката Ели Чочова

фотографиите се куроазија интервјуираната

Ели Чочова (1981) е мултимедијална уметничка која делува во сферите на сликарството, вајарството, перформансот и дизајнот. По завршувањето на студиите по сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на проф. Рубен Корубин, реализира неколку самостојни изложби и перформанси, меѓу кои „5 соби“ (инсталација со светло и скулптури) и музичко-сценските перформанси „Spear song feet voice“ и „Марионети“, и учествува на повеќе групни изложби и перформанси. Живее, работи и создава во Скопје.

– Кои беа твоите очекувања од оваа културна средина кога заврши факултет односно творештвото и колку тие се остварија? 

Го завршив факултетот без некои конкретни очекувања за во иднина. Во тој период не размислував што понатаму, едноставно го правев тоа што ме правеше среќна во моментот, а тоа беше да создавам. Моментално работам како професор по ликовно, иако отсекогаш бев убедена дека не може да се живее од „уметност“ во оваа наша земја. Велам уметност, бидејќи тоа е индиректно создавање, односно насочување на помладите талентирани генерации кон својот внатрешен порив , да го следат својот пат без да размислуваат што понатаму. Патиштата сами се отвараат со искреност и љубов кон она што го правиме.

2

– Дали иднината на уметноста и технологијата мислиш дека се нераздвојни? Зошто да односно не? 

Уметноста и технологијата се тесно поврзани, особено во денешнината. Прво од аспект на информираност, што можеме да следиме буквално сѐ што се случува во уметноста во светски рамки, но и од аспект на создавање на современо дело, нешто што му е неопходно на денешниот уметник.

– Дали мислиш дека на уметниците во оваа држава им недостига повеќе солидарност, како што воопшто им недостига и на граѓаните? Зошто граѓаните од другите држави од Источна Европа имаат повеќе солидарност? 

Не можам да тврдам дека граѓаните од Источна Европа се посолидарни од граѓаните тука. За уметниците можам да кажам дека се солидарни, но само  во одредени кругови, што можеби е и нормално (или едноставно сме се навикнале да го прифатиме тоа на тој начин, со текот на времето…)

– Кој/кои (с)е според тебе најдобриот (најдобрите) уметник (уметници) на денешницата и зошто?

Не би посочила конкрентно име или уметник како најдобар. Во ова денешно време, каде имаме толку многу сфери на артистичко делување, толку различни медиуми за изразување, безброј начини на поврзување на реалното и виртуелното со помош на современата технологија,  така што е навистина тешко да се одреди кој уметник или медиум е најдобар. Според мене, (нај)добар уметник е оној кој успева да го задржи вниманието на гледачот, слушачот, доживувавачот на делото на повеќе нивоа, да поттикне силна емоција на радост, тага, љубов, да поттикне размислување, вчудоневидување, да остане во сеќавање… Можеби и токму затоа, за мене перформансот е еден од поблиските медиуми на изразување; поврзувањето со човечката енергија, можната интеракција со публиката, непредвидливоста на изведбата, моментот на изненадување…

– Те гледам на многу настани. И ти како и јас мислиш дека активизмот е многу важен- зошто? Видовме дека никогаш не можеме ништо да промениме кон подобро… 

Сметам дека со поголема упорност може да се променат нештата. Прашањето е дали сме доволно упорни за да ги промениме нештата кон подобро?

– Кога би имала повторно 18 години раскажи ни како би сакала да ти минат наредните 5 години?

Кога повторно би имала 18 години, не би променила ама баш ништо… Тоа беше еден период на безгрижност и слобода, дружење со пријателите до доцна навечер во парк, на клупи, на Крукче на плоштад, на Форум, во и пред Lady Blue, на свирките во МКЦ, Кавадарка од 45 денари со степ лајт и смоки… Кога би се обидела да замислам што би направила во наредните 5 години, доколку би имала 18 години, најверојатно времето би го изгубила во дружење со пријателите на социјалните мрежи и во кафулињата, со мобилните телефони на маса и во рака, до 12 часот и потоа дома со такси, додека на времето се враќавме пешки или со „двојката“ во 2 или 4 по полноќ… За ништо на светот не би го менувала тоа време со ова денес!.

3

Игор Поп Трајков

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s