Скокни од зајачката дупка и препушти се на авантурата.
Темница, светлата исклучени. Ти и екранот обвиени од затемнетата светлина. Недостигот на светлина ти дава чуство на интимност коа те обзема веднаш после последниот зрак на светилката. Тенка светлина осветлува прашина што танцува во воздухот, самошто не сте влегле во ново царство, живеејќи го животот на хероите во паралелен свет, бегајќи од познатата реалност.
Еден скок од зајачката дупка и себе си ќе се наjдеш во земјата на приказните каде што се’ и ништо е возможно. Кино – парче место со душа. Пред браќата Lumière, луѓето ја имале религијата и магијата, тие секогаш се обидувале да создадат илузија, раните почетоци на театарот, камера, камера обскура, Калеидоскоп, zoopraxiscopetill најпрвите снимања. Подоцна, откирено е киното и ништо не останало како што било. Снимањето отвори нови видици кон еден непознат свет. Киноматографијата постана новата религија на XX век.
Иако се чини дека треба повеќе и повеќе стимул; поплавени од неимпресионирачки 3D и 4D мултиплекси додека возот пристигнува до станицата, филмот сепак може да го измами нашиот мозок. Воодушевувањето оди рака под рака со емпатијата. Ништо од тоа што се случува на екранот не е реално, свесни за тоа сепак, ние скокаме, извикуваме, се смееме и плачеме. Толку ли сме наивни? Повеќе сме збунети од нашиот мозок, поточно од огледалните неурони кои не можат да ја разликуваат реалноста од фикицијата.
Киното не им служи само како забава на луѓето, истиот може да се користи и како терапија. Филмовите станаа бајки на XXI век, и како секоја добра приказна тие дозволуваат да ги ревидираат скриените потиснати прашања. Се чини дека киното ја презема улогата што ѝ е доделена на раскажувањето приказна во “Употреба на воодушевеноста” од Б.Бетелхајм, авторот укажува на тоа како потсвесно раскажаните приказни може да ни помогнат да анализираме нешта што претпочитаме да ги оставиме недопрени, со одржување на дистанцирана перспектива може да ги доживееме проблематичните ситуации во кои се пронаоѓаме, помагајќи си да се справиме со преостанатите проблеми.
Не само приказната туку и амбиентот игра голема улога во целиот процес. Шармот на старомодното кино отсекогаш ме привлекувало. Целосно да го доживеам филмот потребна ми е благотворната темнина која полека обвива додека светлата се спуштаат, шепотот исчезнува и започнува сцената. Одењето на филм, кино, за мене преставува прослава каде се вкрстуваат домашната топлина и светоста на храмот. Во моите очи киното е како стакло преку кое преминувам во светот на приказната кадешто не припаѓам за само да доживеам друг живот. Гледајќи хуманистичка драма, како убиецот ја следи жртвата или опасноста која демнее од теминината јас можам цврсто да се фатам за моето столче. Влегувањето во театар не личи на кино туку на некој посебен вид на храм во кој има црвена кадифена таписерија, затемнета светлина, владее тишина, премолчени разговори, во воздухот се чуствува мирис на свеченост и очекување чудо да се случи. Одбројувачот го започнува своето патување, седни и опушти се.
Александра Грзиб
Преведе: Вафире Мухарем
Leave a Reply