Македонски

Бегалец сега – секогаш човек

Сè до затворањето на „Балканската рута“ во март 2016 година, од Грција во Македонија дневно влегуваа по неколку илјади преморени, истоштени, прегладнети и измрзнати луѓе од воено разрушените држави. Љубинка Брашнарска и Кристијан Михајловски од УНХЦР, ги раскажуваат нивните искуства

kriza

„Во сеќавање секогаш ќе ми остане сцената кога татко со две малолетни деца се обидуваше да ја премине границата меѓу Идомени и Гевгелија. Во најголемиот метеж на бегалската криза, од другата страна имаше илјадници луѓе што трескавично сакаа да стигнат во кампот Винојуг. Сите бевме присутни таму: УНХЦР, полиција, војска, волонтери, активисти, новинари. Во таа мешаница, девојчето успеа да премине, но ги испушти од рака татка си и братчето, кои останаа на грчка страна. Почнаа да плачат сите тројца. Лицето на таткото никогаш нема да го заборавам. Му се сруши целиот свет, беше во очај, пред очи ја загуби ќерка си, веројатно му беше страв дека никогаш повеќе нема да ја види. Драмата траеше петнаесетина минути, таткото со натчовечки натчовечки напори успеа да се пробие, да ја премине границата и да си ја прегрне ќерката, којашто го чекаше и не сакаше сама да продолжи кон Прифатниот центар. Кога повторно се споија, се изгушкаа како да не се виделе со години. Таткото беше совладан од ситуацијата и му се слоши, па интервенираа лекарските тимови“.

Ова е едно од највпечатливите искуства на Кристијан Михајловски од Одделот за правна заштита при УНХЦР, кој мина денови, недели и месеци на терен на јужната граница во најкритичните моменти од бегалската криза што ја зафати Европа. СèСе до затворањето на „Балканската рута“ во март 2016 година, од Грција во Македонија дневно влегуваа по неколку илјади преморени, истоштени, прегладнети и измрзнати луѓе од воено разрушените држави, пред се сèод Сирија, Ирак и од Авганистан, како и помал број државјани на сиромашните африкански држави. Млади, стари, мажи, жени и деца ги спакуваа своите животи во една патна торба и тргнаа на долг и неизвесен пат со надеж дека ќе стигнат во побогатите европски држави. Според проценките, низ Македонија транзитираа околу еден милион бегалци, кои пеш, со помош на криумчари, велосипеди, а на крајот и организирано со возови го минуваа патешествието од Гевгелија до Табановце, а потоа кон Србија.

„Колегите и јас паметиме секакви ситуации: од најтрагичните како загинувањата долж железничката пруга, давењето во надојдената Сува Река, разделени семејства, лица што се загубиле по пат… па сè до најубавите, како на пример раѓање на деца, родендени, ситуации кога некој од бегалците ќе ни направеше традиционално јадење од нивните земји. Имало моменти кога се плачело, па до ситуации кога се играло и пеело“, се присетува Михајловски.

Денеска, работите ни оддалеку не се очајни како што беа во есента 2015 година до пролетта минатата година. „Балканската рута“ е официјално затворена, иако војната во Сирија и во Ирак, пред сè, не е завршена, поради што забележани се секојдневни преминувања на јужната граница.

Kristijan Mihajlovski

„Факт е дека недостатокот од легални и безбедни патишта за бегалците придонесува за поголем очај кај нив и тие бараат различни начини да ги преминат границите. Некои со помош на криумчари, други паѓаат во рацете на трговци со луѓе, а трети се снаоѓаат сами. Целата ситуација е опасна и ризична пред сè за нив. Тие не бараат помош од никого, без оглед колку се квалификувани за добивање азил. Порано, додека рутата беше отворена, односно преку регистрација на бегалците, точно знаевме кој, кога и каде ја минува границата, а сега не. Од јануари до септември годинава, забележавме 12.681 лица кои преминале нерегуларно со напомена дека е можно еден човек два или повеќе пати да се обидел да преминетука“, објаснува Љубинка Брашнарска, одговорна за односи со јавност при УНХЦР.

Во моментов, во Прифатните центри во Гевгелија и во Табановце, како и во Центарот за баратели на азил во Визбегово престојуваат педесетина бегалци. Поголемиот дел од нив се надева дека ќе успее да премине во Србија, а потоа и на запад. Останување во Македонија не им е опција.

„Од почетокот на годината до крајот на септември, поднесени се 105 барања за азил. Од нив одобрени се четири и тоа со доделена супсидијарна заштита, воглавно на малолетници без придружба. Самата процедура трае со месеци, па најчесто бегалците не остануваат толку долго за да ја слушнат одлуката“, вели Брашнарска.

УНХЦР неодамна потпиша Меморандум за разбирање со МВР и помагаат во изработка на база на податоци за азил што ќе биде од помош за сите, бидејќи ќе ја забрза постапката, државата ќе има подобра евиденција, а на бегалците ќе им овозможи подобра и поефикасна заштита. Покрај тоа, УНХЦР активно работи и во решавање на проблемот со бегалците од косовската криза, кои речиси дваесет години ниту се имаат вратено во нивното огниште, ниту пак се натурализирале. Третата поголема активност е грижата за лицата без државјанство и лични документи, кои не можат да добијат образование, здравствена заштита, социјална помош, ниту, пак, можат да придонесат за општеството преку вработување и активно учество.

Ljubinka Brašnarska

Што се однесува до бегалците од воените подрачја, тие ќе бегаат сè додека постојат конфликти, па затоа не може да се предвиди дали и во колкав обем ќе „заплисне“ нов бегалски бран.

„Од оваа бегалска криза светот научи дека државите се поврзани и оти не може да се очекува доколку има проблем на границата со Европа, тој да не се пресели на нејзина територија. Сметам дека воспоставивме добра координација со државните институции и организациите и заеднички успеавме да им излеземе во пресрет на повеќе од 800.000 бегалци што поминаа низ државава. Никој не остана жеден и гладен. УНХЦР, исто така, ѝ помогна на државата да спроведе целосна регистрација на бегалците. Дополнително, работиме и со партнерите од невладиниот сектор, со кои заеднички се обидуваме да подигнеме свесност за бегалците“, објаснува Брашнарска.

Годинава продолжува акцијата „Бегалец сега – човек секогаш“, преку која се работи на подигнување на свеста во општеството и помош за луѓето коишто побегнале од војна и минале голгота за да обезбедат мирен сон за себе и за своите блиски.

Горан Адамовски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s