Вчера, 28-ми ноември, беше добар и мотивирачки вторник за да се сретнеме во Кафе-бар “Љубов” на петтото “Language Café” организирано од Волонтерски Центар Скопје.
“Language Café” е настан на кој разлчни националности доаѓаат да го споделат својот јазик и култура со другите. Причината поради која што овој настан за мене беше мотивирачкки е бидејќи се почувствував како да ми е прв пат, бидејќи го имав своето место во еден топол интериер. Како што влегов здогледав некој што ја читаше „Тајната”, што уште повеќе ме инспирираше.
Запознав нови луѓе и сретнав некои што ми се веќе познати. Се чувствував горд што можев да го изложам знамето на мојата држава. Интересно беше тоа што бев во можност да споделам информации за Јужна Африка и присутните да ги подучам некои интересни фрази. Друштвото беше одлично а јас бев среќен што добив фидбек од учесниците што беа таму.
Еден од нашите волонтери од Франција беше прилично изненаден што таму се појавија многу луѓе кои сакаа да зборуваат француски. Тој напомена дека е тешко да се зборува со луѓе што допрва почнуваат да учат француски, но и дека беше добро бидејќи и тој имаше можност да вежба македонски. Другите волонтери од Франција се согласија дека беше добро искуство на интеракција помеѓу Македонски и Француски јазик.
Овој пат имаше многу луѓе и беше добро бидејќи сите успеаја да го споделат своето знаење за францускиот јазик. За датата и времето на оддржување на сесијата за француски јазик следете ја нашата фејсбук страна.
Нашиот волонтер од Естонија изјави дека успеа да се пронајде во конверзациите што ги имаше на тема спорт и други теми. Луѓето беа пријатни. Нашиот волонтер од Полска изјави дека беше навистина убаво да се сретнат толку различни култури. Особено го израдува зимската атмосфера која што ширеше позитивни вибрации. Во текот на настанот забележав дека има и Шпанска маса на која што нашиот волонтер од Словенија помина доста време. Нејзините пријатели беа таму и беше убаво да се види како одредени луѓе избираат да се сретнуваат на вакви настани.
На настанот имаше и станица за донации за луѓе кои што сакаа да донираат нешто за Ромите од Шутка. Убаво беше и да се види Италијанската маса. Јас не зборувам Италијански, но успеав да разменам два-три збора. На самото заминување морав да ги пофалам Кафе-бар Љубов за нивниот избор на музика. Беше супер да се слушне добар deep house. Кога го споменав ова на една од вработените, таа ми кажа дека тоа всушност е нејзина плеј-листа. Супер!
Крис Маикен
Leave a Reply