Седумдесетина невладини и граѓански здруженија организации учествуваа на 3. НВО Саем што на 6 декември годинава се оддржа во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје. Во организација на Волонтерски центар Скопје, а со финансиска поддршка од Град Скопје, целта на саемот беше претставување на невладините организации пред нивните целни групи, но и нивно подобро вмрежување за подобра соработка што ќе им овозможи поуспешна реализација на зададените цели. Работниот наслов на саемот беше: „Активно граѓанство подобро општество“ и служеше за промоција на активното граѓанство и волонтерството и да овозможи заживување на организациите, кои работат во Скопје.
Уште од раните утрински часови, десетици волонтери и организатори беа зафатени со олеснување на работата на околу 200 учесници на саемот, а под будно око на Ѓоко Вукановски, координатор на НВО Саемот. Настанот беше промовиран преку различни медиуми, почнувајќи од социјалните мрежи, постери, флаери, како и на националните телевизии и весници.
Пред доаѓањето на интернет и последователните онлајн пребарувачи, изнајдувањето можности за вклучување или вмрежување на организациите беше застрашувачки тешка задача. Саеми биле измислени токму за тоа, за да обезбедат ефикасна и корисна платформа за преземање на овие вложувања. Како што бројот на невладини организации во Скопје и во Македонија е во пораст, така расте и потребата за нивна подобра соработка.
Всушност, една од главните очекувања од саемот е невладините организации да развијат подобри односи меѓусебно. Таков бееш случајот со г-ѓа Жаклина Димовска, претставник на на американскиот Холистички институт за образование, која што изрази надеж за иницирање нови партнерства со другите организации. Од друга страна, саемот беше можност и за субјектите, како Дневниот центар во Шутка за поголема видливост во јавноста, односно унапредување на нивната работа, подигнување на свеста и обезбедување средства преку продажба на новогодишни картички. Трети, пак, се надеваа дека ќе привлечат нови и мотивирани волонтери.
НВО Саемот е навистина отворен за сите. За да можат да се пријават за учество, потребно е заинтересираните да се или да делуваат во Скопје. Оттука, сите видови на организации се испреплетуваат заедно, па така едни до други се организации што се активни во подигнување на свеста за животната средина, преку Европската здружение на студенти по право, до борците против трговија со луѓе.
Никола Станкоски, директор нa Волонтерски Центар Скопје , на отварањето на третиот НВО Саем изјави “Овој НВО саемот се одржува трета година по ред и е добра можност за многу организации, здруженија и фондации да ги промовираат своите активности, да ги вклучат младите во нивните активности, во нивните заедници, претставува и одлична можност за вмрежување на организации/фондации за поуспешна реализација на нивните цели “.
Овој настан беше финансиски поддржан од Градот Скопје.
Антоан Ломба
Leave a Reply