Култура

Дижон: Не е само сенфот

Дижон е француски град меѓу Париз и Лион. Тоа е главен град на регионот Бургундија, во кој што живеат 152.071 жители. Овој град е познат по сенф, веројатно сте чуле за „сенфот од Дижон“? Но, заборавете го тоа, има толку многу „покул“ работи што треба да ги дознаете

jardin de l'arquebuse

Многу често е студено во Дижон, повеќе отколку во градовите наоколу. Дува свеж ветар и врне дожд во текот на целата зима што трае од ноември до март. Но, кога размислувам за овој град, го замислувам облеан во сонце. Можеби, затоа што таму живеев три години и уживав во секој момент.

Мојот стан беше во близина на ботаничката градина, и тоа, секако, беше едно од моите омилени места. Се сеќавам дека поминав таму секој ден додека одев на факултет, ме радуваше секое утро! Секогаш има луѓе што шетаат, млади луѓе кои пијат пиво во тревата и деца што си играат. Тоа е навистина мирно место со многу цвеќиња, дрвја, трева, фонтани, поток … совршено зелено место за да се исклучите со градот.

Има многу други места што сакам да ги споделам со вас. Па, ајде да се преселиме во центарот на градот! Во центарот има голема пешачка улица. Таму можете да најдете многу продавници, ресторани, брза храна … Секогаш има многу луѓе. Ми се допаѓа оваа жива улица! Чекорејќи низ неа, постои едно од моите други омилени места: плоштадот на ослободувањето (La place de la Libération). Тоа е главниот плоштад во историскиот центар на Дижон. Палатата на војводите од Бургундија е таму и целиот плоштад е поплочен, убав. Го сакам уште повеќе ова место во текот на ноќта, бидејќи има многу светла во палатата и низ целиот плоштад. Можете да се опуштите, да уживате испивајќи пиво со пријателите во некој од околните кафулиња!

По овој пијалок на плоштадот, каде би сакале да продолжите? Не грижете се, има многу работи што треба да ги направите во Дижон. Дтанува збор за град на културата. Ако сакате музика, концерти, театар, фестивал, кино … сте дошле на вистинското место. Можам да зборувам за многу места, но ќе ги одберам моите омилени.

Прво, постои концертна сала на брод наречен «Péniche Cancale» (Да, на брод, добро читате!). Таму можете да јадете (храната е навистина добра), да пиете и да видите многу различни концерти: интернационална музика, реге, дуб, рап, рок … секој може да ужива! Ова место е толку убаво, а келнерите се супер пријателски настроени, но не одете премногу доцна ако сакате да влезете, бидејќи тоа е прилично мало и интимно место! Значи, ако сакате поголемо место за концерти (но не толку големи, бидејќи малите се толку „кул“), можете да одите во „La Vapeur”. Ќе слушнете различна музика. Тоа е толку убаво, бидејќи се случуваше да пристигнам со еден пријател, а да се вратам со 12 други, бидејќи сите млади луѓе се собираат таму!

Покрај тоа, се организираат еден куп мали фестивали во Дижон. Во некои од нив работев како волонтер. “Les Houblonnade” е фестивал на пивото што се оддржува во лето. Во текот на два дена, има концерти и пивари од Франција што ги презентираат своите производи. Можете да пробате многу различни пива, тоа е толку добро, одлично и интересно (но бидете внимателни, можете лесно да се пиете)! Ако не сте зависник од пиво, можеби би можеле да го претпочитате “Tribu фестивалот”. Тоа е фестивал за меѓународната музика. Во текот на една недела во септември, во целиот град има концерти што се оддржуваат во кафулиња, помали сали, па дури и на отворено. Воглавно, станува збор за непознати бендови, па имате шанса да ги запознаете. Некои музичари доаѓаат од други земји, па фестивалот добива нота и на мултикултурализам.

rue de la liberté

Овие фестивали траат само неколку недели во годината, но, се разбира, интересни места можете да пронајдете во секое време. Прво,за  да го познавате Дижон, треба да го познавате „Плоштадот на Републиката“. Според мене, помалку атрактивен е од „Плоштадот на слободата”, но, сепак, е попознат и сите знаат за него. Има многу барови и ноќни клубови, треба да ги пробате сите од нив да го најдат вашиот омилен! И најважно: тоа е совршено место за да се придружите на вашите пријатели, бидејќи сите јавни превозници се таму и тоа е навистина близу до центарот на градот!

По состанокот со вашите пријатели на овој плоштад, можете да одите каде што сакате! Јас ќе ви го препорачам моето омилено место. Ајде да одиме во “Vieux Léon”. Мислам дека тоа е местото каде што го поминав поголемиот дел од времето (по факултетот, можеби …) за време на моите три години во Дижон. Тоа е навистина убав бар. Неговото име е во чест на песна од познатиот француски пејач: Жорж Брасенс. Насекаде има постери, слики и ознаки. Прилично е темно, но има многу свеќи и мали светла. Можеш да пушиш внатре, малку е стар и валкан, но никој не се грижи, бидејќи тоа е атмосферата што се бара. На ова место можете да најдете луѓе од сите возрасти. Сите се толку опуштени. Можете да пеете, да танцувате, да играте карти… Секогаш кога одам таму, запознавам нови луѓе. Тоа е најдоброто место за лична декомпресија!

Клои Думесуа

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s