Едукација

Интеркултурноста на највисоко ниво

25446121_134135627370548_4151534565743434570_nВеројатно рекорд во Еразмус + програмата, тренинг курс со учесници од 27 земји претставувајќи ги нивните култури и работејќи на секакви ситуации поврзани со малцинствата. Младински работници кои учеа нови методи како да се справат со дискриминацијата на малцинствата и учејќи за ситуациите и реалностите во другите земји. Интерактивната работа и споделувањето на добри искуства и практики е сржта на неформалното образование и овде беше покажано на најдобар можен начин.

25498039_134136367370474_3551987565138606881_nЗа одлична работа ти треба добар тим. Во вакви случаи градењето на тим е од круцијално значење и тука организаторите завршија одлична работа и успеаа да создадат еден од најобединетите тимови и одлична работна средина што јас ги имам искусено на некој проект. Почнувајќи од меѓусебно запознавање па преку игри на доверба каде треба да се препуштиш и веруваш на луѓе кои си ги запознал само пред ден или два. Тоа навистина овозможи полесно да се совладаат темите кои беа за цел на овој тренинг курс, а тоа беа етничките малцинства преку методите на форум театрот и создавањето на видеа. Излезе дека и двата методи беа доста успешни. Форум театрот, методот каде публиката може да реагира, да биде актер/ка и да го смени сценариото, па и целиот тек на претставата беше поставен пред дел од локалните млади луѓе. 25507635_134154937368617_2803490590613113017_nСитуации како вистинска случка од камп за бегалци, до секојдневна ситуација во некои од населбите низ Европа те тераат да се запрашаш и да се обидеш да најдеш уште некој начин како да се направи овој свет подобар. Исто така создавањето на видео каде како краен продукт излегоа три видеа со некои силни пораки кои сметам дека треба да се пренесат и да ги натераат луѓето да го погледнат светот со други очи или барем од друга перспектива. Нешто што посебно остави впечаток е тимската работа на целосната продукција на видеата и нешто што треба да се искуси. Им овозможи на учесниците да да научат нови техники и алатки за да пуштат глас дека сите ние го делиме овој свет.

Беше неверојатно да се гледа растот на учесниците, како во групата, така и индивидуално. Да се излезе од кожурецот и да ги рашират своите крилја, да се прифатат нови работи и да се видат работите што ги научиле во нивните очи беше вистинско задоволство. Нема многу проекти каде учесниците си заминуваат со солзи во очите од среќа како овој и со ветување за повторно видување со цел да се повтори одличното дружење.

Андреј Наумовски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s