Ерасмус+

Уште еден чекор…

Уште еден тренинг за антидискриминација и екстремизам… Пак истите теми… Можете да пронајдете безброј тренинзи на овие теми и тажната реалност е дека се додека ги имаме сите оние наши стереотипи и предрасуди, овие тренинзи ќе ни се потребни. Овој беше оранизиран од ЕПТО (Европска Врсничка Тренинг Организација) и ЦЕЈИ (Еврејски Придонес кон Инклузивна Европа) и беше дел од поголем проект од кој првиот дел се случи во Арад, Романија. Беше организиран во Струга, од 12-19 ноември и собра повеќе од дваесетина луѓе како учесници и персонал и произведе уште една група на врснички едукатори.
Ова беше еден од најпродуктивните тренинзи на кој сум бил. Ги поставивме темелите во Арад каде што го добивме нашиот тренинг за запознавање со темите на антидискриминација и ектремизам со акцент ставен на исламофобијата и антисемитизмот. Потоа ги направивме нашите локални работилници каде што пренесовме дел од она што го научивме во Арад на луѓе во нашата заедница и добивме практично искуство како е да се биде едукатор. Следно што следуваше беше ,,обучи ги тренерите” тренингот во Струга каде што навистина добивме шанса да бидеме во улогата на тренери и едукатори и добивме многу совети како се снајдеме во таа улога. Откако имавме сесија на тоа како се дава и се прима повратна информација (feedback) тоа и го добивме од другите учесници и тренерите што беше многу добар начин сами да си ги забележиме нашите силни и слаби страни. Исто така работевме како да се справуваме во тешки ситуации, вистинскиот начин на начинот на рефлекција по активностите, патот на врсничките едукатори итн. и добивме прирачник од сите активности и програма како да одржуваме тренинзи со методите на ЕПТО и ЦЕЈИ.

1
Јас, лично навистина уживав во шансата да водам една сесија и подоцна да добијам повратна информација од другите учесници и тренерите. Исто така имав можност да работам со ко-тренер што го направи работите многу полесни и моето искуство со ко-тренери досега е одлично. Навистина ја ценам повратната информација што ја добив затоа што мислам дека тоа ми овозможи да видам некои работи од друга перспектива. Уште една работа во која уживав е тоа што можев да го напишам мојот досегашен пат во неформалното образование и кон што целам како тренер по неформално образование и врснисчки едукатор.
Сето ова е дел од програмата на ЕПТО и ЦЕЈИ да обучат младински работници и преку нив да ги совладуваат сериозните теми како дискриминацијата и екстремизмот. Ова е уште еден чекор кон инклузивно општество и непристрасни луѓе.

Андреј Наумовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s