Врело

e3bc9092101683fff13f8a2304cde59d

Познато е дека Македонија изобилува со голем број на природни убавини. Меѓу нив се вбројува и комплексот пештери “Врело” лоциран во близина на Скопје во кањонот Матка. Единствен начин да се пристигне до оваа локација е со организирана тура со чамец истовремено уживајќи во убавините на езерото и кањонот Матка. Самиот комплекс е составен од надводна пештера наречена “Врело”која изобилува со сталактити и столбови создадени од самата природа и со тој раскошен изглед претставува вистинска атракција за посетителите и туристите, чиј интерес секојдневно станува се поголем. Но тука е и подводната пештера наречена “Подврело”која сеуште не е целосно истражена и претставува голем предизвик за спелеолози и нуркачи од целиот свет. Не помалку значајни се и малото и големото езеро со својата таканаречена “руска плажа” кое име го добила од страна на руските пилоти кои во минатото уживале во езерата додека биле дел од македонското воздухопловство. Исто така треба да се напомене дека пештерите заедно со Охридското езеро беа номинирани за нови 7 светски чуда на природата.

1908201713

Интересно за подводната пештера е тоа што сеуште не може да се утврди нејзината длабочина. Се до 2008 година пештерата била на 71. место во светот со длабочина од 100 метри, но со истражувањата изведени во 2009 година утврдено е дека пештерата има повеќе неистражени ходници, канали, галерии и многу поголема длабочина односно 192 метри со што е рангирана на 14. место во светот во длабочина на подводни пештери. Но сепак тие податоци не се доволни за истражувањата да запрат. Во 2010 година италијанскиот нуркач Луиџи Казати успеа да се спушти на длабочина од 212 метри што претставуваше неочекуван и неверојатен подвиг како и нов рекорд во длабочините на пештерата. Тоа беше предизвик за голем број нуркачи да откијат што се крие во длабочините но можеби најголем за полскиот нуркач Кшистоф Старнавски кој во 2016 година соборувајќи го рекордот на Казати се нурна во длабочина од 230 метри кој изјави дека длабочината и понатаму продолжува но тоа ќе го дознаеме во наредните истражувања. Токму тоа се случи годинава во август кога Старнавски подржан од повеќе спелеонуркачи после повеќе од 5 часа нуркање успеа да се спушти на длабочина од 240 метри истовремено соборувајќи го сопствениот рекорд, но и со констатација дека тоа не е конечната длабочина односно голема е веројатноста дека истата изнесува повеќе од 300 метри. Со овие податоци пештерата дефинитивно го зазема првото место за најдлабока пештера на Балканот но според досегашните истражувања исто така се смета и за една од најдлабоките пештери во Европа. Останува да се надеваме дека наредните истражувања ќе ги потврдат очекувањата дека станува збор како за најдлабока пештера на планетава, исто така и за ново светско чудо на природата.

Милан Ѓапиќ

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: