Ние ја продолживме нашата новинарска турнеја со посета во редакцијата на весникот “Независен”. Следејќи го нашиот пат до ТВ Алфа, овој пат ние имавме увид на секојдневата работа во весник. Тимот на ВОИСЕС имаше можност да ја набљудува работата на професионалци; се сретнавме со директорот, уредникот, читателот, преведувачот, графичкиот дизајнер и новинарите од повеќе сектори кои се дел од “Независен”. Ја следевме статијата од првата до последната етапа и го интервјуиравме Горан Адамовски за новинарството, неговото дело и искуство. Благодарение на оваа кратка работилница добивме подобра идеја за тоа како изгледа работата во медиумите и во очекување на следната средба!
Тимот на ВОИСЕС