Македонски

Атина-градот на графити

2

Доцна ноемвриска ноќ… Речиси можеш да го почувствуваш студот што доаѓа. За среќа си ги пакувам работите за да тргнам на пат. Овој пат ќе одам појужно каде се уште е топло. Се надевам. Ми претстои уште едно поглавје да пополнам со нови имиња и ликови. Се разбира, не можеш да побегнеш од себе никогаш беа разлика колку далеку ќе отидеш. Отсекогаш сум го знаел тоа. Затоа ја користам можноста да научам и откријам нешто ново за себе. Оние лица и места на кои наидувам на мојот пат… Тие се како огледало, постојано покажувајќи ми до каде сум стигнал и колку далеку можам да напредувам. Тие и овој пат ќе ми помогнат во тоа. Со драга пријателка која ќе ја разбие монотонијата да се патува сам. Таа внимава на мене, јас на неа, така тоа оди во нашиот тим. По повеќе часови возење со автобус и пријатен лет стигнуваме таму. Со сите тие светла и предбожиќна атмосфера, таа вечер централниот плоштад и околните улици прават градот да изгледа како новогодишна елка. И така влетуваме сред толпата народ што се движи накај „Атина стрит“. Во нашиот хотел се поздравувам со две – три личности обидувајќи се да ги запомнам нивните имиња. А горе во мојата соба ме чекаше неверојатен поглед: Акропол осветлен во ноќта чиниш можеш да го допреш со гола рака. Ја започнавме нашата дружба најгоре на покривот веќе наредниот ден, со сите оние пријателски лица и ден по ден, крстарејќи низ градските улици се повеќе навлегувавме во крвотокот на градот. Никогаш не сум претпочитал престолнини и големи градови, но ова беше нешто сосема друго: урбани стилови, река луѓе што те разминува, графити по ѕидовите и улични музичари што свират на различни инструменти, тука и таму и насекаде. И продолжуваме покрај модерните продавници покрај редовите со дрвца од мандарини, а портокаловата боја насекаде, доминира, се рефлектира во твоите очи, можеби понекое паркче од страна со маслинови дрвца како да сакаат безгласно да ме потсетат на оние очи со боја на зелена маслина што ги оставив во мојот град.

7

Истражувајќи го градот преку ден со целата негова убавина завлегуваме во понекое соседство малку подалеку од центарот. И така целата група навлеговме во квартот што се вика Егзархија и ја слушнавме приказната за луѓето од овој дел што го заштитиле паркот од сечење и градење згради. А уличните уметници водени од политички, економски и уметнички или било какви други побуди ја започнале своето безгласно изразување по ѕидовите, контејнерите, универзитетските блокови и тротоарите да ја пренесат својата порака до надворешниот свет. Некои од нив можеби беа сосема надвор од контекст или јас барем таков впечаток добив, некои уникатни ремек дела на уметноста, а некои само текстуални но доволно силни како камшик, во сите можни бои што можеш да ги замислиш. Одејќи така од еден до друг графит се обидувавме да ја сфатиме приказната  која е зад сето тоа, бунтовничкиот нагон на раката што го создала. И сето тоа ме враќа на вечното прашање: Графитите: уметност или вандализам. Се сеќавам од порано на еден графит кој вели: „Пишувам затоа што никој не слуша“. И можеби навистина визуелниот ефект на пренесената порака ја прави уште помоќна, давајќи и поинаква димензија, се зачувува длабоко во нашата потсвест, давајќи и можност да се појави повторно на површината. Да, и јас од истите причини повеќе сакам да пишувам како начин на изразување затоа што од таму од каде јас доаѓам многу од луѓето слушаат само со цел да одговорат, донесат заклучок или некој суд.

3

Можеби некои од графитите поставени на недолични места, навредливи и со експлицитен текст би можеле да се сметаат за вандализам, не знам, не би знаел да кажам можеби затоа што не видов такви или пак е во прашање мојот уметнички начин на гледање на работите, каде и да одам, каде и да погледнам. Се вратив дома со насмевка и со прекрасни спомени. И разгледувајќи ги одново фотографиите што ги направив постојано добивам сосема различни одговори за некои исти, веќе одговорени прашања. Да, тоа е слободата на уметноста, но и основната потреба да се применат, изменат или подобрат нашите параметри на перцепција кои не водат постојано и тоа секогаш се случува кога разменуваме искуства со другите, кога учиме и прифаќаме нешто ново и поразлично од нашето.

Горан Галабов

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s