Информации

Изложба „Москва денес“ во Скопје

„Москва денес“ беше името на изложбата што на 30 јануари се одржа во Музејот на Град Скопје. Изложбата го отсликуваше современиот урбанистички изглед на руската престолнина. Пред посетителите беа претставени реновирани знаменитости по кои руската престолнина е позната низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови во светот.

Изложбата се одржа во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Организатори беа Град Скопје и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s