Ерасмус+

Младинска обука во Чешка: „Be prepared“

CZ_BP032

Осум земји, 30 учесници, Еразмус тренинг во зимската бајка наречена Кути, Република Чешка. Кристијан Станковски, Мартин Терзиски, Петар Нестороски и Ангела Рајчевска беа претставниците на Волонтерски Центар Скопје на Тренингот за прва помош во организација на партнерите „Four Links“. „Тргнавме во авантура исполнета со многу неизвесности. Интригантни очекувања кои не однесоа на место кое наликуваше на бајка. Одличното друштво и едукативниот тренинг ни ги исполнија неверојатните 10 денови во Кути“, раскажува Ангела. Заедно со претставници од Хрватска, Португалија, Италија, Словачка, Чешка, Романија и Литванија, во периодот од 11-ти до 22-ри декември нашите волонтери се запознаа со основните техники на прва помош. Проектот им овозможи на учесниците да ги подобрат своите вештини во пружање прва помош и да станат поодговорни и посвесни за нивниот потенцијал за спасување на животи.
„Тренингот ’Be prepared’ беше едно навистина неверојатно искуство кое што ми овозможи да стекнам знаење за пружање на прва помош кое што сметам дека многу ќе ми користи. Исто така, благодарен сум што имав можност да запознаам многу луѓе од различни култури, кои што придонесоа тренингот да биде искуство кое што никогаш нема да го заборавам“, вели Мартин. По завршувањето на тренингот, учесниците се здобија со Youth Pass, и, секако, со пријатели ширум цела Европа!

CZ_BP031

Ангела Рајчевска

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s