Интервју

Интервју со Дарио Јуричан: Пронајди се себeси

Овој автор на повеќе од педесет краткометражни филмови од различни жанрови го сретнавмe на Истражувачкиот филмски фестивал во Скопје. Дарио Јуричан  истовремено е и регионален пионер во истражувачко новинарство. Неговиот прв долгометражен филм  „Газда“ постигна голем успех. Како режисер и продуцент имал голем успех со краудфандинг кампањи.

1

Немате традиционално образование за филмска продукција, нели?

– Всушност имам. Се школував на Лондонската филмска академија една година.

Во секој случај тоа не е доволно.

– Страшни сте. Не, имам основа за филмско продуцирање. Работев во филмската индустрија последните 10 години како професионален продуцент и тоа е мојата подлога.

Не се соочивте со никакви проблеми за време на монтажата, како на пример  со линеарна монтажа?

–  Мислите на филмот „Газда“, оној што го изгледавме сега?

Не мислам само на овој, туку општо на сите филмови, зашто некои луѓе велат дека имаат проблеми со продуцирањето ако не поседуваат соодветно образование.

Всушност, јас сум дел од продукциите за фикциски филмови и повеќето мои филмови, околу 90% од нив, се фикциски. Но, од неодамна се свртев кон документарци и открив дека добро се снаоѓам со нив бидејќи сакам да си поигрувам со структурата, да креирам карактери кои се фикциски – и да создадам приказна поврзана со нив. Сметам дека моето познавање на фикциските филмови ми помогна со документарците.

Кажете ни како се одлучивте да ја започнете филмската кариера и кои се, според Вас, најдобрите филмови што досега сте ги направиле?

Во ред. Се одлучив да почнам во моите рани дваесетти години, кога гледав експериментални филмови, кои впрочем беа ужасни.  И тогаш си реков: „Можам јас и подобро од ова“. Па така, моите први филмови беа експериментални. За кратко време се префрлив на фикциски, а сега сум на документарци. Се усовршив за правење долгометражни истражувачки филмови. Правам филмови за во кино. Но сè уште мислам дека мојот првенец, филмот „Газда“, се смета за многу добар филм. Имам и краткометражни фикциски филмови кои многу ми се допаѓаат; поточно тоа се интимни драми. Според тоа, мислам дека сум некој вид на необична комбинација од интимни драми, љубовни приказни, а од друга страна правам и истражувачки документарци.

Кои се најновите трендови во новите хрватски кина, но и во глобала?

– Мислите на публиката?

Не, мислам на трендовите во кината.

Јас сум еклектичен и навистина ми се допаѓаат некои експериментални автори од Србија и од Хрватска. Голем љубител сум и на aмериканските криминалистички филмови. Но, истовремено сум зависен и од современите корејски филмови, кои ги сметам за моментално најдобри трилери во светот. Ми се допаѓа и независното американско кино, што во моментов е практично меинстрим. Така што, јас сум комбинација од сè. Во моите филмови мислам дека не може да се распознае еден единствен стил, како што кажав – еклектичен сум. Но во истражувачките филмови има одредени американски документаристи врз кои се потпираат моите документарци – на пример за храна или за тајната војна… А, гледам и многу документарци од 80-ите, 90-ите, па дури и нови, како што се серијалите за О.Џ. Симпсон кои се неверојатно добри. Според тоа, ми се допаѓаат современи документарци, но сакам да гледам и класични филмови. Не копирам никого. Сега го завршив вториот и сум на пат да го започнам третиот долгометражен филм. Мислам дека сум првиот човек во Хрватска што направил истражувачки документарци, па на некој начин се сметам самиот за свој учител.

picture Gazda

Видовме дека имате голем успех со краудфандинг кампањите. Дали се сметате за сосема изоставен од другите начини за финансирање – на пример Министерството за култура? Дали Ви го одбија барањето за филм и затоа се заинтересиравте за краудфандинг или имало некоја друга причина?

– Навистина бевме многу успешни во финансирањето на првиот филм. Но снимањето траеше толку долго што на крајот бевме кусо со неколку илјади долари. Тогаш помислив дека краудфандинг кампањата би бил добар начин за финансирање. Не сакав да прашам во Хрватскиот филмски фонд: „Извинете, дечки, ни требаат уште пари…“, зашто сакав да им дадам шанса на луѓето да се вклучат во сето ова. Увидов дека она што го работиме е од јавен интерес и знаев дека луѓето ќе сакаат да се вклучат. И за новиот филм сметам на луѓето и на нивната поддршка. Сите пари што ги вложивме за вториот филм беа наши. Сè што заработивме од првиот филм го вложивме во вториот.

Кој е вашиот совет за младите режисери? Имате ли некаква препорака како да ја започнат и да ја продолжат кариеата? 

– Две работи: бидете искрени кон самите себеси и не правете работи кои не ви се допаѓаат. Ако се интересирате за криминалистички приказни, направете криминалистички филм. И не заборавајте – рибникот е полн со риби и таму мора да го најдете својот глас. Треба да бидете храбри – и тоа најхрабри што можете. Ако не сте доволно храбри и ако немате глас – пронајдете го. Мене ми требаа години да го пронајдам, не е страшно. Првиот филм најверојатно ќе ви биде катастрофа. Но, не почнувајте со долгометражни, туку со краткометражни филмови. Тогаш ќе ги најдете и гласот и храброста.

интервјуер и фотограф – Игор Поп Трајков

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s