Македонски

Приказната за двете толкувања предизвикани од половата нееднаковост

Ако постои некое прашање кое исплива на површина на крајот од минатата година тоа сигурно би било нееднаквоста на половите. Постојат повеќе аспекти содржани во него како лимит на платата, машка доминација, дискриминација и слично. Размислувањата ми се зошто сеуште не го надминавме овој проблем.

Ја оставив таа мисла за момент се додека не се случи дискусија со еден пријател околу женската и машка нееднаквост. Дискусијата започна со мојот заклучок дека треба да постои во светот денес поголема еднаквост помеѓу мажот и жената. На тоа тој цврсто застана на ставот дека не можеш да споредуваш кокошка и мечка. Како што можете да си замислите воопшто не ми се допадна споредбата. После тоа тој ми даде уште еден пример како жените работат помалку физичка работа од мажите. На тоа уште и придодаде споредба во спортот каде мажите се секогаш побрзи, посилни и подобри. На тоа јас му дадов пример како веројатно побрзо пливам од него, на што тој се согласи за првпат. Во тој момент конешно имав нешто да се објаснам од каде доаѓа тој мој став. Затоа што мојата идеја не беше да ги нападнам мажите или да каѓам дека жените се подобри туку само барав поголема еднаквост. Му дадов и пример за мажи и жени кои работат подеднакво, а сепак мажите земаат поголема плата. На тоа тој се согласи дека не е во ред но сепак додаде дека не сме сите еднакви на овој свет. На крајот од разговорот увидев дека тој не може да го согледа вистинскиот проблем и тој толку беше сигурен во себе да не постоеше начин да го убедам поинаку.

blindfolded-2025474_960_720

Сепак не се вознемирив толку бидејќи генерацијата од каде тој произлегуваше правееше разлика помеѓу машката и женската улога во општеството. Мислам и мојата генерација беше подучувана дека постојат машки и женски бои. Така мојата омилена женска боја беше жолта, а машка-зелена. Сепак тука не се работи за боите туку за тоа на што ги учиме младите генерации. Не смееме да им кажуваме на младите момчиња да не плачат и да бидат мажи. Исто така на девојчињата да бидат понежни и чувствителни ако не се однесуваат така. Мислам дека како човечки суштества треба да си дозволиме да се изразуваме слободно. Но иако во многу општества имаме право на слободен говор и изразување, ако вашето мислење не се поклопува со тоа на соговорникот тој најверојатно ќе се намурти. И верувајте има многу луѓе кои не зборуваат за проблемите што ги мачат од страв што ќе помислат останатите. Тоа е она што се нарекува социјална прилагодба кога личноста реагира на случувањата во општеството на начин на кој знае дека ќе наиде на одобрување од друштвото што ги опкружува посебно фамилијата, пријателите и соработниците. Затоа што да се размислува како одредена група луѓе ви дава сигурност и на многу луѓе тоа им годи. Многу често кога ќе кажате нешто што е различно од она што другите го мислат наидувате на расправија. Но јас мислам дека да се има расправија е подобро отколку тишина. Затоа се чувствувам благодарна што произлезе дискусијата за половата нееднаквост со мојот познаник. Оваа идеја може да се примени од збоување гласно што мислите за рамноправноста на половите до тоа колку беше добар последниот филм со Спајдермен. Избрав да зборувам за половата нееднаквост бидејќи во моментов тоа е силно движење, а се молчело за тоа долго време. По тоа го гледаме влијанието на социјалната прилагодба како се одразила на општеството.

За крај мислам дека луѓето се повеќе се отворени да зборуваат за проблемите што бараат решение. Затоа реално е да се каже дека се приближуваме кон едно потворено и рамноправно општество. Можеби почетните чекори кои ги правиме наликуваат на оние бебешките но барем постои движење и промена.

Оставаме зад себе година во која имаше многу драматичен развој на настани кои беа предизвик за светскиот развој. Годината 2017-та ќе си замине секако како дел од една голема пресвртница во поновата историја. И ако постои некоја работа која зема нов замав во годината што измина тоа е секако половата рамноправност. И навистина, Јануари ја претстави годината со Маршеви на жените низ целиот свет. Декември ја заврши со плима од обвинувања за сексуално вознемирување, прекин на молчењето и предочување на степенот на сексизам во нашите друштва.

german-2512008_960_720

Затоа ја отвараме 2018 година со разумна доверба во иднината. Свесноста за проблемот на половата рамноправност добива нови димензии. Нејзиното напредување е бавно но секако добива на сила. И не треба да го спуштиме гардот. Сеуште живееме во општество со висок степен на нееднаквост каде една струја од половите сеуште ги задржала привилегиите додека останатите се борат да нивната иднина и права се земат во предвид. Ние можеме да се убедуваме дека сме создадени како очигледно еднакви но мора да останеме свесни за предизвиците кои треба да се надминат. Многу луѓе гледаат на половата еднаквост како нешто евидентно но само малкумина остануваат доследни на тоа во своето делување. Загрижувачки е тоа што има голем дел од општеството, мажи и жени подеднакво, што не веруваат во тоа. Реално голем број на фактори водат кон ваква состојба како културата, образованието, притисокот на друштвото итн. Како и да е, би било погрешно овој проблем да се изостави како несовладлива културна перспектива што треба да биде почитувана. Подигнувањето на свесноста е основното што може да ја донесе промената. Ниеден проблем не може да се надмине ако нема сознание за неговото постоење. И најважното за подигнувањето на свеста е тоа што функционира.

Еден мој пријател именуван како Алекс од Јоркшир во Англија еднаш ми раскажа интересна приказна за половата рамноправност. Тој волонтирал во Индија на три месеци на работа во рамките од промоција на социјална инклузија, вклучувајќи полова еманципација, до помош при непогоди. Алекс живеел во стан заедно со неговите колеги волонтери кои случајно биле од женски пол. Еден ден додека го средувале станот Алекс нормално ги извршувал своите задолженија чистејќи наоколу. Збунета од тоа Сахил, локаленволонтер кој престојувал тука за унапредување на англискиот јазик ја грабнал метлата од Алекс давајќи ја на девојките со образложение дека е тоа „женска работа“. Збунет од ваквиот однос на родова хиерархија од почетокот на 20-иот век ја грабнал метлата и одговорил: „Сакаш да научиш англиски? Ќе ти кажам реченица: Родот е општествена конструкција. Повторувај по мене!“. Веројатно не сосема сигурен што кажува Сахил ја научил напамет реченицата.

Подоцна на собир помеѓу локалните и странските волонтери фасилитаторот побарал некој да каже што научил во поново време. Сахил се пријавил и изјавил: Денес научив дека родот е општествена конструкција. Тоа ја поттикнало неговата љубопитност да истражи што довело до тоа. Тој поттик го довел до едно ново согледување. Што веднаш го прифатил. Сахил одлучил да се вклучи повеќе во работата со волонтерите. Не само да ги подобри јазичните вештини туку и да промовира поинаков поглед за половата еднаквост во општеството. Тој станал еден од најактивните волонтери во подигнувањето на свеста за половата еднаквост.

Потребна беше само една реченица. Една реченица да влијае на заедницата долгорочно. Замислете го потенцијалот на едно предавање, работилница или цела една кампања. Предизвиците се секогаш пред нас. Се разбира, 2017 година започна со Женскиот Марш но исто така започна со чекор наназад за половата еднаквост. Заврши со целосно ослободување на гласот на жената но и ја покажа распространетоста на систематскиот сексизам. Патот е долг и е трнлив. Но сепак пат постои.

Анн Аро & Антоине Ломба

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s