Култура

Смеа во театарот

Ноќта е млада, публиката брбори, расположението е добро. Светлата сè уште светат, сјаат кон блескавиот црвен тепих или се одбиваат од пригушените темни ѕидови. Одеднаш заѕвонија ѕвоната. Оние што доцнат тивко влегуваат. Оние што стигнале порано ги дојадуваат последните кикиритки, ги оставаат шишињата пиво и бело вино на дрвените тркалезни маси за да ги однесат нивните билети на насмеаните и во темно облечени службеници за да ги поништат. Секој го наоѓа своето место. Разговорот продолжува сè додека тие не дојдат… Гласните повторливи удари на бригадирите, еден удар, проследен со три далечни удари. Завесите церемониски се отвораат. Претставата може да започне.

Несомнено е дека во театарот владее посебна и за многумина шармантна атмосфера. Од седумте уметности, тој би можел да биде највозбудливата. Kнижевна уметност e, но не e сосема како литературата. Фигуративна е, но не е скулптура. Лирска е, но не се потпира на музика. Има ритам, но се дистанцира од танцувачките ритуали. Достоинствениот предвесник на киното, театарското сфаќање на сите, а истовремено на ниту едно, од неговите современи уметнички карактеристики, доведува до збунувачки чувства кај публиката. Уште од античките времиња, филозофите на уметност и драматурзите се стремеле да ја дешифрираат оваа извонредна карактеристика, што довела до бавно составување на магично поле, она што денес го претставуваат драмските студии.

Смеата е еден од најкомплексните ефекти, со кои театарот има моќ да ги обземе човековото срце и душа. Најпрепознатливото дело на драмата доаѓа преку она што Аристотел го нарекуваше катарза. Грубо речено, ова се однесува на возбудливото емотивно ослободување што публиката го очекува и го искусува во текот на претставата. Секој кој пробива или во салите на престижниот национален театар или во темната соба за игри, ужива во катарзична авантура. Смеата е, можеби, една од најчестите карактеристики. Но, спротивно на вообичаените заблуди, смеењето не е ограничено само на комедија или на комични елементи, туку тоа е производ на врската меѓу драматурзите, актерите и публиката, која што сама по себе е резултат на долга историја на нивната потрага или нејзино затајување.

За време на една конференција за Смеа во францускиот театар, која се фокусира на претставата „Un Deux“, драмскиот писател Франсоа Бегодо и режисерката Мелани Мари наведоа три главни типови смеа во театарот: „комичен елемент“, „истакната“ смеа и „апсурдист“ – или „надреална“ комедија.ж

laughter in theatre 2

Комичен елемент

Од сите различни видови смеа што може да се најдат во драмските претстави, комичниот елемент е, во суштина, оној кој создава заблуди за драматичната комедија. Комичниот елемент, обично, е нулта степен на смеа. Тој се состои од она што вообичаено се смета за комедија, односно претстава или сценографија со примарна цел да изнуди смеа кај публиката. Овде публиката очекува да се смее. Товарот или достигнувањата паѓаат на изведувачите кои треба да ги направат вистинските шеги во вистинско време со соодветни техники за подобрување на неопходноста од хумор во изведбата. Комичниот елемент ја користи катарзата на многу функционален начин. Емоционалното ослободување е поставено да го одвлече вниманието на членовите на публиката од нивното секојдневие и грижи. Публиката присуствува на претставата за да го исполни своето слободно време. Луѓето очекуваат пријатно искуство со кое ќе останат во нивната удобна зона. Театарот Водвиљ и, веројатно, повеќето стенд-ап комедии може да се опишат како комични елементи.

Истакната комедија

Не треба да нè изненади дека меѓу драмските елити и членовите на она што Фуко го опишува како Висока култура, театарот за комични елементи во најдобар случај се соочува со презир, а во најлош случај со непријателство. Навистина, меѓу повисоките краеви на културното општество, театарот е свето место. Тој се смета за сериозна културна институција, која претставува уметнички храм, ако не и секуларна црква. Драмата се смета за церемонија, каде што најистакнатите членови од општеството ги прославуваат обредите на уметноста. Оттука, леснотијата на нулта-степенот на смеа, неизбежно, се смета за непријатност што го расипува светиот ритуал на театарот: доволно добро за обичниот народ,  а непогоден за уметничкиот напор.

Постои, сепак, еден пат за несериозната комедија да постигне голем статус меѓу високите културни кругови. Тоа е времето. Драмски писател кој може да биде извалкан и занемарен од неговите современици, може постхумно да сведочи за неговата работа и неговото име подигнато на светост преку тестот на времето. Има случаи на драматург од театрот Водвиљ од 19 век, како на пример Жорж Фејдо, крајно презиран во неговото време, кои почнуваат да се обновуваат од славни режисери. И романтичкото движење од 19 век го презеде предизвикот да ја обнови Елизабетанската трагикомедија, функција која е слична на Шекспировиот театар, меѓу мејнстрим театарската култура.

laughter in theatre 1

Оттука, површноста кога ќе се раздели, повлекува различен однос меѓу публиката и претставата. Кога се одвива комичен елемент, сценариото не се очекува да се чита, ниту да се учи. Истакнатата комедија редовно се ревидира, објавува и коментира. Прошетајте низ улиците во Париз и обидете се да пронајдете една личност која никогаш не прочитала барем некое дело од Молиер. Со комичните елементи уметниците треба да ја дизајнираат својата работа за да предизвикаат смеа кај публиката. Во истакнатата комедија, публиката веќе ја знае претставата. Скоро и да се очекува публиката да се насмее во вистинските моменти. Бидејќи самото обновување на овие драми зависи од времето, хумористичната површност е скоро секогаш застарена. Претставата на Шекспир и Молиер е едвај смешна, но публиката која не се смее се чини дека е необразована и не е достојна за претставата.

Надреална смеа

Надреалниот театар е, без сомнение, најценетата, сложена форма на смеа што може да се најде. Повеќе од само еден вид комедија, апсурдистичкиот театар стана драматичен жанр. Тоа е, секако, највлијателниот современ театар на 20 век. Роден по Втората светска војна со истакнати драматурзи како што се Ежен Јонеско или Семјуел Бекет, апсурдистичкиот театар нуди длабок, нелагоден поглед на комплексноста и контрадикторноста на човештвото. Надреалните драми ги наметнуваат нивните сопствени карактеристики како што се осамени, квази-луди ликови изгубени во нивните несогласувања и недостаток на значајни напори; како и сиви пејзажи, полни со ужасни околини исполнети со осамени мртви симболи на природата. Во драмата на Бекет, Чекајќи го Годо, двајца пасивни ликови, Владимир и Естрагон, размислуваат за сопствената смртност. Со само еден појас и мртво дрво на сцена, размислуваат дали да се обесат или да продолжат да го чекаат Годо. По два долги часови, ништо не се случува, Годо никогаш не се појавува и најверојатно никогаш нема ни да отиде. Публиката не знае зошто или што чека. Наместо тоа, луѓето во публиката се сведоци на двајца скитници кои ги истражуваат најмрачните делови на нивните умови и како резултат на тоа постепено полудуваат.

laughter in theatre 3

Тоа го прави апсурдистичкиот театар. Ги принудува осамените ликови да ја истражат нивната духовност на тежок и непријатен начин, а истото чувство се поттикнува и  кај публиката. Осаменоста и непријатноста на ликовите ја тера публиката да помине низ вознемирувачко духовно будење. На прв поглед ниту ликовите, ни средината, ниту претставата немаат никаква смисла, но сепак има некакво значење. Апсурдистичкиот театар произведува смеа, но ништо не е смешно, туку е надреално. Публиката најпрво се смее за претставата, пред да почне се смее на самата себе. Апсурдистичката смеа нуди вистинско, автентично, катарзично искуство. Емоционалното ослободување е вознемирувачко, длабоко и квази-трагично. Присуството на надреална претстава оди подалеку од одвлекување од секојдневието или одржување на културните стандарди. Напротив, станува збор за соочување со егзистенцијалната апсурдност на нашата индивидуалност и на човештвото воопшто. Откако црната завеса ќе се спушти, ноќта е вечна, толпата молчи, а расположението е мрачно. Тука лежи убавата моќ на смеата во театарот.

Антоине Ломба

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s