Македонски

Загадувањето на воздухот во Македонија

                    lungs-2773515_960_720

Кога започнав со мојата Европска волонтерска служба во Македонија имав добри очекувања за тоа што ќе го доживеам.Мислев дека ќе бидам во земја која е прилично различна од Естонија. Бев особено возбудена за истражување на македонската култра и природа.Во текот на мојата прва недела во Скопје се искачив од Водно до Матка.Се заљубив во пејзажот што го видов во текот на шестчасовното искачување.

Потоа почна грејната сезона, и едно утро излегов надвор и градот беше покриен со смог. Размислував дали само тој ден ќе е така или цело време додека сум тука. Како што заладуваше имаше сѐ повеќе смог. Секогаш кога излегував мирисот ми се впиваше во косата и облеката. Почнав да истражувам за проблемот и дознав за различните фактори кои влијаат на загадувањето на воздухот. Поради тоа што сметав дека загадувањето на воздухот е голем проблем во Македонија, решив да прашам и други странци што мислат за загадувањето на воздухот во Македонија. Анкетирав 3 личности од различни земји и возрасти.

Краток вовед:

Елиза:Имам 23 години и сум од Франција. Во Македонија престојував 4 дена.

Паулина:Од Полска сум и имам 24 години. Во Скопје сум речиси 2 месеца и ќе останам тука до декември 2018 год.

Питер: Имам 17 години и сум од Германија. Живеам во Кавадарци 4 ½ месеци.

Дали сте биле изложени на загадување на воздухот пред да дојдете во Македонија?

Елиза: Отсекогаш сум живеела во големи градови, па најверојатно сум била изложена на загаден воздух, но никогаш како тука.

Паулина:Да, но не до овој степен. Во Полска живее во град со ниско ниво на смог.Се разбира, во текот на зимата се зголемуваше, но за мене лично не толку опресивно. А и високото ниво на смог е почесто во периферните делови од градот каде што вообичаено не одев.

Питер: Не.

Дали го забележавте загадувањето на воздухот го Македонија? Кога првпат го забележавте? Каков е вашиот став за тоа?

Елиза:Ме предупредија за воздухот, но забележав само што стапнав на аеродромот. Првите 4 дена го забележував секој пат кога излегував надвор. Се чини како воздухот да е густ, тежок и тешко е да се вдише длабоко. Забележав дека додека бев во Македонија кашлав, иако не бев болна. Мојот братучед и други два волонтери кои живееја во Македонија неколку месеци се сега болни и велат дека е поради загадувањето. Можам да си замислам колку сериозни здравствени проблеми имаат луѓето кои растат таму.

Паулина:За жал, го забележав загадувањето на воздухот тука. Македонија воглавно не е чиста земја. Отпадоци на улиците, на туристичките места итн. Ова го забележав во текот на првите неколку недели, кога не можев да ги видам ѕвездите. Небото често беше сиво. Разговорите со Македонците ме уверија дека е голем проблем и дека Македонија е статистички меѓу најзагадените земји. Многумина тука имаат сува кашлица. Кога разговарав со мајка ми ме праша дали сум болна, бидејќи звучев поразлично. Тоа беше на почетокот, телото сѐ уште не ми беше навикнато на околината. Едвај чекам да дојде пролет, се надевам дека воздухот ќе биде почист.

Питер: Да, забележав.Забележав на улиците во Кавадарци кога испадна дека „маглата“ е загаден воздух. Денот потоа, Скопје беше најзагадениот град во светот (13.12.17). Навистина ме шокираше тоа.

Што мислисте дека е причината за загадувањето на воздухот во Македонија (Скопје)?

Паулина:Мислам дека воглавно е горењето на отпадоци, големите фабрики, употребата на лошо квалитетен јаглен и големиот број на автомобили во градот.

Питер: Во Скопје тоа е спој на повеќе причини.Од една страна, природниот тек на возухот беше целосно запоставен во процесот на градење на Скопје 2014. Со градењето на секакви нови згради, сечењето на дрва во внатрешниот дел од градот и нерефундирањето на сега отфрлените потреби на животната средина, градот претрпе тешки проблеми поврзани со структурата на природата. Еден од најголемите е загадувањето на воздохут. Од друга страна, има премногу возила во Скопје. Луѓето ги користат автомобилите и за најмали растојанија наместо пешачење или возење велосипед. Има јавен превоз, но не се употрбува доволно за да се реши проблемот. Приватизацијата на главната „компанија“ за централно греење е друг проблем. Предизвика скапо греење и натера многумина да се префрлат на греење со дрва. Добро за инвеститорот. Лошо за околината.

Дали знаете каков ефект има загадувањето на воздухот врз вашето тело?

Елиза: Без да истражувам, знам дека го скратува животниот век. Предизвикува рак.Од она што го забележав, може да предизвика и белодробни заболувања и различни проблеми со кожата, а сигурна сум и многу други работи.

Паулина: За жал, може да има ефект на целиот респираторен систем и на имунитетот и можеме да бидеме болни почесто и подолго.

Дали сметате дека загадувањето на воздухот во Скопје имаше ефект на вашето здравје? Ако да, кажете пример.

Елиза: Кашлањето што го искусив не беше смртоностно, но покажува колку брзо влијае загадувањето.

Паулина:На почетокот многу кашлав. Сега е многу подобро, но знам дека со секој здив вдишувам штетни супстанци.

Питер: Да.Секој пат кога бев во Скопје поседниов месец, ми се чинеше дека влегувањето внатре е лек. Надвор, воздухот беше тешко поднослив.

Колку е важен чистиот воздух за вас?

Елиза: Порано не размислував многу на оваа тема, но откако ја посетив Македонија, ми стана многу важен. Загрижена сум за луѓето кои живеат таму, но и за идината на планетата.

Паулина: Моето здравје ми е важно и сфатив дека она што го правам сега може да влијае на иднината. Едноставно, преубаво е да се дишеш чист воздух и да се восхитуваш на ведрото небо.

 Што мислите дека може да помогне за да исчисти воздухот во Македонија?

Елиза: Се чини дека новата генерација е свесна за ситуацијата и сака да ја смени. Можеби треба да има работилници кои ќе ги спојат младите за да ги информираат за она што може да се направи против загадувањето, заедно да најдат решенија, да се убедат дека имаат моќ да ги сменат работите. Да се информираат за кои теми можат да учат, како да се почнат зелена асоцијација на универзитет, иницијатива за тоа како да создадат Зелена енергија.  Тоа е бавен процес, но не знам што друго ми можеле ние да напрвиме. Можеби да разговараме со месното население и новинарите, и да ги запрашаме за нивни мислење за тоа како да се смени ова.

Паулина: Најпрво, свеста кај луѓето дека смогот е сериозен проблем и дека секој може да помогне да се реши овој проблем. Заедничка одговорност, бидејќи луѓето горат отпадоци и треба да се изнајде соодветен начин на греење.Убаво би било да се разговара за смогот со децата и младите. Се разбира, потребни се конкретни дела од владата, не само зборови.

Питер:Да се употребува јавен превоз или велосипед. Да се подигне свестата на штетата од греење на дрва. Да се биде свесен за иднината и проблемите кои ги предизвикуваме.

Сѐ на сѐ, фер е да се каже дека загадувањето на воздухот во Македонија им е видлив на сите. И не само што влијае на месното население, туку и на странците кои престојуваат тука одреден период. Мислам дека луѓето започнаа да делуваат против загадувањето на воздухот, па има надеж дека воздухот ќе биде почист во иднина. Во меѓувреме, подобро е да бидеме внимателни кога воздухот е позагаден.

Ann Aro

Translator: Evangelina Chapkanovska

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s