Информации

Повик за волонтери за ИТФ „Лица без маски“ 2018!!!

Интернационален театарски фестивал(ИТФ)„Лица без маски“ е единствениот во Македонија, кој секоја година нуди интернационални театарски претстави кои се со предзнакот, алтернативни, експериментални и работени од независни театарски работници и компании ширум светот. Целта на фестивалот е да се покажат новите театарски тенденции, алтернативниот театарски израз како опозит на стереотипните форми на државните театри и воедно да се крене гласот преку ваквите претстави против клишеата и не-различноста.

ИТФ „Лица без маски“ 2018 објавува  повик за волонтери на возраст до 18-30 години, со активно познавање на англиски јазик, да се комуникативни, друштвени и да го сакаат театарот и уметноста.

Фестивалот ќе се одржи од 12-14 април 2018, на неколку различни сцени во Скопје (МОБ, МНТ, ДОМ на АРМ, Драмски Театар, Театар Комедија)

Организацијата за волонтерите обезбедува:
-бесплатен автобуски превоз
-ручек во текот на денот
-маичка за време на фестивалот
-по два бесплатни билети за секоја претстава
-бесплатно учество на работилниците кои се дел од програмата на фестивалот

Волонтерите се потребни за распоредување на неколку активни позиции во делот на организацијата на гостите и групите учесници на фестивалот, а имаме потреба и за делот на техничка поддршка.

Сите пријавени кандидати да испратат свое CV на itf.faceswithoutmasks@gmail. com најдоцна до 15 март 2018!

Во очекување сме на вашите пријави
Со Почит
Тимот на ВЦС

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s