Ерасмус+

Еволуција преку едукација во Република Чешка…

7

Пред неколку недели, јас, Дане и Александра бевме одбрани да учествуваме на Семинар за воспоставување контакти-“Изгради ја својата кариера”(Build your Career), кој беше одржан во прекрасното село Шкрдловице во внатрешноста на Република Чешка. По тројца учесници од 10 различни држави учествуваа на овој настан вклучувајќи ги- Македонија, Шпанија, Италија, Полска, Романија, Словенија, Литванија, Естонија, Словачка и Чешка. Целта на настанот беше да се истражат можностите за нови начини на размислување, да се стекне ново знаење и да се сподели нашето искуство на теми поврзани со вработување и претприемништво помеѓу младите во Европа. Истовремено, овој настан беше одлична можност за воспоставување на нови партнерства помеѓу учесниците на невладините и граѓанските организации, како и соработка и пријателство помеѓу учесниците. Настанот беше организиран преку Ерасмус +, Програма на Европска Комисија.

За време на активностите преку неформалната едукација како работилници, дискусии, игри, театар, играње улоги, групна работа, презентации…. бевме во можност да споделиме идеи, предизвици и решенија за младите луѓе во нашата држава. Како претставници на „Волонтерски центар Скопје“ од Македонија, бевме горди што имавме можност да одржиме презентација за македонската традиционална храна и пијалоци, општествените вредности и уникатноста на државата. Имавме можност на другите учесници барем за момент да им овозможиме да почуствуваат и да го вкусат македонскиот Ајвар, пиво и други „грицки“ и слатки. Исто така, во текот на настанот за градење на партнерства воспоставивме контакт со други невладини и граѓански организации. Неколку нови идеи за проектни предлози беа дискутирани по што се стекнавме со можност истите да ги развиеме преку детална презентација за можностите на Ерасмус + Програмата.

5

Местото на настанот, Шкрдловице, е село сместено во руралните предели на Моравија. Местоположбата на селото е некаде меѓу главниот град Прага и Брно- вториот по големина град во Чешка. Местото има околу 700 жители, чие главно занимање е обработка на стакло и изработка на предмети од стакло. Еден од најинтересните моменти за нас беше сознанието дека Констадин и Методиј, познатите македонски просветители во текот на нивната работа го посетиле ова место. Имено, во 863 година тие пристигнале во Моравија, каде отвориле повеќе училишта и цркви со цел да го прошират користењето на Кирилицата.

Освен можноста за учење и унапредување на нашите вештини и знаења, ние исто така уживавме и во одличната прирора на зимската идила на Шкрдловице. Организиравме снежни игри, го посетивме замрзнатото езеро во непосредна близина на селото кое исто така го користевме и за лизгање. Најхрабрите меѓу учесниците дури направија и дупка во мразот и влегоа во престудената вода на температури дури и под нулата. Природата во опкружувањето беше прекрасна, смирувачка и релаксирачка. Едноставно, како во снежна бајка.

6

Како дел од процесот на учење, беше испланирана и активност за учење на терен преку посте на градот Брно кој беше околу еден час оддалечен од местото на настанот. Поминавме речиси цел ден во истражување и осознавање на животот во Брно. Во текот на посетата, групата имаше можност преку интеракција со локалното население (претежно младите) да се стекне со подлабоки информации за перцепцијата за политиките за вработување, влијанието на вработување врз животот како и за животот на младите генерално. Заклучокот од посетата беше дека градот, а и целата држава се развиваат доста брзо и се соочуваат со недостаток на работна сила, а стапката на невработенсот се движи околу пет проценти.
Оваа одлична авантура беше одлична можност за еволуција на нашите животи додека истовремено имавме можност да учиме и да ги развиваме нашите знаења преку искористување на можностите за Ерасмус + Програмата.

Даниел Јосифовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s