Култура

Четири споменици во Скопје: 3D-шоу на Kraftwerk во Спортскиот Центар

Крафтверк, без сомнение е еден од највлијателните бендови на 20 век. Уметниците од другата страна на музичката мрежа, како што се – да споменеме неколку  Depeche Mode, Joy Division, Prodigy, , па дури и Bowie, имаа влијание од групата. Нивните ретроавангардни електронски звуци беа основа на цел музички правец. Надминувајќи жанрови, Крафтверк беше особено влијателен во раѓањето, речиси самостојно, на цел музички бренд. Експерименталната употреба на синтисајзерите  и прилагодените технолошки уреди,  на почетокот од 70-тите години на Крафтверк, дизајнирани да одговараат на нивната визија за “робот поп”, директно инспирираа цели нови жанрови. Минималистичкото техно, музиката за играње, синти-попот, хаусост  или индустриската музика, сите тие можат и покрај нивните долги и широки разлики, да се следат наназад до Крафтверк. Бендот, предводен од Ралф Хиттер речиси педесет години е жив споменик на модерната музика – чие влијание врз поп музиката беше крунисано од страна на NME и Observer како и со Битлси.

kraftwerk 5

Па, кога слушнавме дека на 27 февруари, електронскиот еквивалент на Битлси гостува во Скопје, на ВИП арената, за помалку од цената на добар пар слушалки, некои од нас брзо си земаа билети.

Изведбата започна мошне  полека. Бендот, како и обично, се отвори со митската Numbers. Песната, иако легендарна и совршено дизајнирана за сопствените кодови, беше изведена доста материјално, без никакво мајсторско прилагодување на публиката. Првите неколку песни беа  изведени статички, на доста линеарен начин. На половина пат низ шоуто, сепак, тактот се  забрза за Computer World. Ритамот го достигна  угледот на  жанрот. Крафтворк се загреа. До Tour de France, групата целосно го опфати Техно акцентот, продолжувајќи и мешајќи го секој хит низ нивната вообичаена должина, нудејќи патување низ површината на нивниот масивен електронски потенцијал. Избор потврден од нивното затворање со Musique Non Stop и неговиот реномиран  “Boing, boom, tschak” примерок. Бурлеска низа толку карактеристична и влијателна на техно траките.

Крафтверк се познати по статичното чувство што го носат на нивните настапи во живо. Филозофијата зад нивното пет децениско дејствување, пророкувајќи го доаѓањето на електронската ера и престојната доминација на технологијата во нашето секојдневије-  докажано токму од ројот на светли телефонски екрани пред нив – бара таков фиксиран приказ на музика. Повеќе од музички бенд, Крафтверк е концепт. Тоа е порака на претпазлива прослава – или возвишено предупредување – за постојано забрзување на темпото на технолошката ера. Тоа е музичко само-исполнувачко пророштво. Оттука, 3D турнејата на Крафтверк нуди повеќе од една музичка свирка. Предлага мулти-свесно искуство, водејќи  го увото на публиката преку своите легендарни уреди, фаќајќи го нивниот поглед низ тридимензионалните визуелни елементи. Буквално. Сите добија 3D очила. Оваа мелодична доктрина се оформува преку дихотомија помеѓу четирите, прецизно и идентично геометриски, миксерско биро, монтирани од статични господари на церемонијата и трипачката, понекогаш топла, понекогаш мрачна , со бои кои ја придружуваат наелектризирана музика.

Визуелните елементи беа лојални на светот на Крафтверк: сурови, но ефикасни, ретро CGI, толку карактеристични за осумдесеттите години. Некои од нив покажаа подготвеност да шетаат низ арената. Многу од нив оддадоа почит на својот македонски домаќин, на пример со прикажување  на стрелка врз Скопје на Google Maps за време на Computer World  или со радиоактивниот знак кој ги проширува рацете низ екранот, во боите на македонското знаме за време на Radioactivity. Меѓутоа, повеќето од нив не го исполнија потенцијалот на три-димензионалното ветување. Можеше да се помине целото шоу со очила на челото, само за да се забележи со мала главоболка до крајот на шоуто: вечната катастрофа на 3D приказите.

Kraftwerk 4

Да се биде сведок на изведба во живо на Крафтверк, 49 години по нивното формирање, е како истражување на музеј на електронска музика.  Специјално дизајнираните, иновативни и атипични вокодери кои даваа роботски звуци на The Robots и  Man-Machine нѐ потсетуваат на извонредните траки како Robot Rock на Дафт Панк или Бродинскиевата Dance Like Machine. Битовите  на Technopop нè враќаат кон големите имиња на раното техно, “Belleville three“ на Детроит, Чикаговиот  Frankie Knuckles или Манчестеровиот Carl Cox. ElektroKardiogramm  прави да летаме во складиштата на Источен-Берлин и големите имиња на златната генерација на French Touch: Arnaud Rebotini, Etienne de Crécy, Laurent Garnier или Pedro Winter. Ноќната естетика, придружена со синтисајзерите, нѐ нурнува во светот на модерниот синтипоп на Kavinsky, па дури и во амбиенталната атмосфера на некои дела на Big Screen , Drive од Nicolas Refn во центарот на сцената. Високиот ритам и модуларните ефекти на Aero Dynamik нè туркаат кон танцово поттикнувачките моќи на Moby и Fatboy Slim. Можеби толпата не беше толку статична колку што самата изведба на такви големи музички ентузијасти може да предизвика. Можеби, очилата за 3D се доживуваа повеќе како фенси додатоци, отколку како  од искуство кое треба длабоко да ве трогне или пак, во првата половина од шоуто не се произведе толку енергија колку што беше очекувано. Сепак, никој не може да остане недопрен од нивната музичка длабочина и тежината на нивното уметничко лукавство и визија. Крагтверк навистина е споменик. Еден од оние за кој треба да бидеме благодарни. Четири џинови на музиката, на кои должиме голем спектар од денешната музика. Четири гиганта кои навистина заслужуваа три пати да бидат вратени на сцена на крајот од настапот и да добијат индивидуални аплаузи.

Антоан Ломба

Превод: Кристина Митровска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s