Отворено писмо до дрогата

Драги наркотици,

Помина извесно време од нашата последна размена. Прилично е очигледно дека во изминатите децении нашиот однос беше, во најмала рака, доста бурен. Можам да расправам со часови и часови за сложеноста, причините и ефектите на моето сегашно однесување кон вас. Некои се изјаснуваат дека треба, можеби, да размислиме за нашиот став. Други тврдат дека нашето сегашно решение, и покрај неговите недостатоци, е совршено такво какво што е; дека сега сите сме подобро, и дека воопшто и не ми ни требавте. Како и да е, постојат некои сомнежи. Сигурно веќе сте забележале. Сепак, тоа не е темата наова писмо. Не сакам да ве критикувам безброј пати. Но, постои проблем помеѓу нас, тоа е неоспорно.Меѓутоа, за да се реши проблемот, треба да се сфати неговата природа, неговите основи. Зошто толку копнееме едни за други? Како сме толку поврзани?

Првиот нормален одговор е тоа дека вие сте доста примамливи. Проклетство, дури и не сум единствениот што копнее по вас.Истражувањата покажуваат дека и животните копнеат за вас. Дури му дадов и име на тоа: зоофармакогностика.Делфините ги шмркаат токсините од надуваната риба, мувите впиваат алкохол, азиската тупаја со перовидна опашка преживува пиејќи ферментиран нектар од палмата бертам. Тогаш, природно е што копнеам по вас исто колку и мајката природа.Барем, тоа е она во кое д-р Роберт Дадли верува и оттаму ја предлага хипотезата за “опијанувањето на мајмуните”.Според д-р Дадли, човечката привлечност кон етанолот датира од времетокога јас сè уште не сум постоел. Особено ако се земе во предвид начинот на кој тупајата преживува, привлечноста на луѓето за етанол, активната супстанција на алкохолот,може да произлегува од зависностана нивните предци. Ова би било развиенопо пат на конзумирање зрели и ферментирани плодови од страна на хомо сапиенсите, кои, во својата најхолерична фаза, ќе посегнат по најслатките.

Ако оваа хипотеза е вистинита, тогаш првата консумација на алкохол е забележана пред околу 10 милиони години, како што е наведено во делото “Кратка историја на пороците” од Роберт Еван.Нејзиното значење би било изненадувачко. Луѓето ќе бидат речиси генетски навлечени на вас. Така, јас би бил само олеснувач на вашата потрошувачка, но не и активен играч.

Меѓутоа, поентата на ова пресметливописмо бара одредено ниво на интелектуална искреност.Затоа, мора да ја признам мојата активна улога во нашата поврзаност.Да не се правиме наудрени. Уште од самиот почеток, ние сме биле испреплетени.Се чини дека за време на целото мое постоење, јас сум ве култивирал. Каде и да се појавев, вие ме следевте. Првото сеќавање што го имам датира од5.000 години п.н.е, кога Сумерите го насликаа првиот ваш идеограм, во форма на опиум. Сè уште има записи од 3.500 години п.н.екои прикажуваат антички египетски пиварници.Илјада години подоцна швајцарските жители одезерската околинаконсумирале афионски семиња.

Американските староседелцина островот Хиспаниола го вдишувале тутунот низ носот, за да му дозволат на никотинот директно да стигне до мукозната мембрана на мозокот.Хинду Ведите ве возвишуваасметајќи дека ја подигнувате“душата од небото до земјата”.Вавилонскиот Талмуд го поздрави виното како “лек над лековите”, забележувајќи дека “онаму каде недостасува вино, потребнa е дрогa”.

Каде и да сум, во било кое време, ве поздравував вас и вашите бенефиции.Уште од самиот почеток, видов потенцијал во вашиот ефект, и тој потенцијал јас го искористив.Искрено тврдев дека некои од вашите особини имаат лековити способности, како што еслучајот со опиумот во 7-от век во Кина.Кога верата не им помогаше на несреќните, ве предложував васза ублажување на болката, дури и изреките поткрепуваа:”Дајте им силен пијалак на оние што пропаѓаат”.Ако ми требаа војници, ве предложував вас за нивно охрабрување, пример за тоа се друидите кои ги опиваа галските воини со еден вид медовина пред битката.Ако сакав мојот народ да почувствува вкус на духовност, пред нив ќе понудев ентеогени растенија, како што Ацтеките направија за да ги приспособат своите обреди.

Вие бевтеедно примамливо помагало за контрола,и тоа се докажа преку желбата на Британската Империја повторно да го воведе опиумот во Кина која строго се залагашеза превенција на дрогата; подготвенa да мине низ две војни за даго истера својот закон.

Но, низ историјата, вашето влијание започна и да ми пречи.Уште во 2000 година п.н.е. еден египетски свештеник му рече на својот ученик:”Јас, твојот претпоставен, ти забранувам да одиш во таверните. Ти си деградиран какоживотно”.Руското Царство во 17-от век ефикасно ја санкционираше смртната казна за секој докажан корисник на тутун.Старата кинеска империја ја забрани старата навика на потрошувачката на опиум во 1792та година.Три години порано, на далечната страна на светот, првото американско здружение за зависници од алкохол беше основано во Конектикат.Лобито за зависници, на крајот, успеја да ја воспостави не толку добро прифатенатазабрана во САД. Чии ефекти, може да се видати ден денес.Сепак, и покрај сите мои периодични напори, не успеав да се ослободам од вас.

Ви ги дадов сите имиња кои ми дојдоа на ум. Низ историјата, разновидно и истовремено, ве поздравував, ве ловев, ве дистрибуирав и ве наметнував на луѓето.Го инспириравте убавото, го предизвикавте најлошото, ги излекувавте болните и ги влошивте оние кои веќе беа лошо. Сепак, вие ништо од тоа не направивте сами. Јас сум причината за вашето дејствување. Одговоренсум за вашето влијание.Она што го постигнувате или уништувате, произлегува од тоа како јасизбирам да стојам со вас. Вие сте една чувствителна тема, еден тежок,но неопходен разговор. Ова писмо всушност и не е упатено до вас, туку до мене.

Со почит,

Општеството.

Антоан Ломба

Преведе: Маја Краљевска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: