Во повеќето случаи да се стане вегетаријанец или веган е поради спасување живот и неубивање животни но исто така има и повеќе во тоа.Луѓето кои подолго време не јаделе месо појаснуваат за тоа.
Во денешно време јадењето месо е толку нормално да не се ни размислувапоинаку освен нормално што така ни доаѓа. Само мал дел од населението го забележува тоа поинаку, а тоа се вегетаријанците и веганите од нашава прекрасна планета. Ме заинтересира ова така што решив да запрашам некои луѓе што ги познавам кои не се месојадци како и да направам свое истражување околу тоа.
Зборував со Дарил кој е вегетаријанец веќе 5 години, Габриел, веган 4 години и исто така вегетаријанец 4 години, значи 8 години вкупно, а исто така и Ајо кој не јаде месо веќе 12 години (5 години веган, 1 година сирова храна претходно и 6 години вегетаријанец). И навистина беше интересно да се чуе што ќе кажат за оваа тема. Ги запрашав што беше главната причина да престанат да јадат месо и најчесто тоа беше поради убивањето на животните но имаше и некои други причини. Дарил спомена дека од енергетски причини не сакал да го конзумира стравот од животните, болката и стресор бидејќи оваа енергија се префрла во нашите тела (како што велат енергијата ниту се создава ниту уништува). Габриел рече дека за него тоа е од религиозни верувања и спомена дека во Библијата се вели нешто дека „Вашето месо ќе биде овошјето, зеленчукот, мешунките, житото, јаткасти плодови и семињата“, а исто и читајќи ја приказната за бродот на Ное може да се стекне увид во тоа. Ајо вели дека ги сакала животните од најрана младост и кога имала само 15 години почнала да слуша реге музика која пее за љубов и единство и мајката земја тогаш станала вегетаријанка.
Таа и не била некој голем месојадец пред тоа и тогаш навлегла во својот духовен пат, вежбала Јога, читала спиритуални книги, екологија итн. Интересно е да се спомене одгојувањето на животните за масовна продукција со искористување на голем дел од земјделските култури кои можеле да се искористат да се нахрани населението кое гладува ширум светот.Некои придобивки на животниот стил на вегетаријанците/веганите е да се чувствува леснотија на телото и повеќе енергија. Дарил вели дека неговата агресивност се намалила (како што имал многу агресија во себе). Во тоа можам да поверувам бидејќи кога бев вегетаријанец имав големо намалување на анксиозноста исто така. Габриел исто вика дека може да ги контролира своите мисли полесно и да размислува појасно во тешки ситуации. Ајо исто споемна дека овоѓјето/зеленчукот ви дава повеќе од земјената и сончева енергија и според нејзиното духовен пат таа има повеќе сочувство, помага да се отвори третото око и на глобално ниво месната индустрија уништува голем дел од животната средина со хемикалиите кои ги користи.За да се задржи овој животен стил мислам дека е доста тешко бидејќи во мое време јас живеев на сендвичи со сирењаи недоволно хранливи состојки. Но според оние кои живеат така некое време не е толку тешко воопшто. Најчесто на почетокот може да биде доста комплицирано но кога еднаш ќе ги подмирите потребите на вашето тело за храна и кои артикли за ги купувата/јадете тогаш станува полесно.
Исто така на многу места можете да најдете замена за месо како вегански продукти, соја и слично. Исто има и доста различни овошја, зеленчуци, житарки итн.Она што е важно за исхраната на телото е да се обидете секој оброк да биде избалансиран. Протеини има и во гравот, грашокот дури и брокулите. Или најдобро во протеинските барови. Кога ги запрашав за омилени јадења беше многу тешко да се добие одговор највеќе поради тоа што има многу добра храна и комбинација од повеќе како, што рекоа.Дарил сака добри вегански печења со семиња, јаткасти плодови, мешунки, фета и слично.Ајо сака скоро се од традиционални јадења без месо од бугарската кујна додека Габриел секој ден би сакал вегетаријанска тортиља како и тестенини и салати.
Сакав да дознаам дали познаваат доста луѓе вегетаријанци или вегани и одговорите беа доста различни. Дарил вели дека доста од неговите блиски пријатели јадат месо но има и одреден број луѓе кои под негово влијание станале вегетаријанци поради неговите причини за овој начин на живот. Според Ајо повеќето од нејзините пријатели во Бугарија се вегетаријанци, како и нејзината мајка. Таа вели дека луќето кои ги среќава во живототне јадат месо, за што мислам дека е прилично супер. Исто така нејзиниот шеф (кој сака месо) почнал да практикува понеделници без месо под нејзино влијание. Многу луѓе во црквата на Габриел се вегетаријанци. Нивното свртување кон тоа се случило преку ноќ или истиот ден. Кога се одлучиле да престанат да јадат месо тоа дошло само по себе. Во денешно време некои луѓе велат дека не јадат месо поради некој тренд или хипстерски причини.Некои од луѓето кои станале вегетаријанци се однесуваат осудувачки кон оние што јадат но како што Ајо рече тие луѓе не ја сфаќаат поентата. Не е работата во правењето разликитуку да се внесе повеќе добронамерност, разбирање и сочувство во нас. Никој не е совршен.
И прашањето што ми се врти во глава некое време е постојат ли некои падови и недостатоци од тоа да се биде вегетаријанец или веган. Одговорот што го предвидував е дека нема. Но тие ми објаснија нешто друго и зошто е така. Може да има недостатоци само ако не го припремате оброкот на правилен начин. Ова може да доведе до создавање навика на нејадење на вистринската храна и добивање на правилни хранливи состојки потребни за оптимално функционирање на телото. Затоа е потребно да се одвои вереме за спремање на оброкот. Како резултат на овој животен стил тие сега дури и почувствителни на теми за злоупотреба на животните и духовност и поразумни за природата и подобра интеракција со мајката земја.
Во суштина многу луѓе го избираат овој животен стил бидејќи веруваат дека не можеш да уништиш нешто кое не си го создал. На енергетско ново болката се пренесува во нашите тела кога јадеме месо. Духовно храната содржи информации од космосот. Растенијата ја трансформираат сончевата светлина во нас кога ги конзумираме. Па затоа мислам дека се зависи од нашето гледиште на работите.
На крајот на краиштата ние сме тоа што јадеме, пиеме и размислуваме. Храната е исто така лек, нека не биде само за моментално задоволување. Нека биде нешто за што треба да се размисли.
Chris Maiken
Translator: Goran Galabov
Leave a Reply