Интервју

Уметноста не зависи од пари

6

Сара Климоска ја имаше главната улога во краткиот филм ,,Види ја ти неа” во режија на Горан Столевски пто ја доби наградата од жирито за кратокметражен филм на Меѓународниот Санденс филмски фестивал за фикција/белетристика. Една од судиите во жирито беше Ширли Менсон, водечкиот вокал на култниот бенд ,,Garbage”. Таа има настапувано во неколку театарски претстави во националните театри во Скопје, некои незавизни продукции како и во една англиска изведба во Будимпешта.Таа има играно и во долгометражниот филм ,,Amok” и во неколку (7) кратки филмови во македонска и француска продукција. Исто така има учествувано во кампусот на таленти на Сараевскиот филмски фестивал во 2016. Моментално таа се подготвува за нејзиниот следен краткометражен филм кој ќе се одвива во Франција во режија на Танасис Тру.

Што се случи со методот на глума? Изгледа како сега се да е интуитивно… Како се подготвуваш за улогите (за на филм и на сцена)?

Не користам некој унифициран метод за да се подготвам за некоја улога. Мојот пристап кон глумењето генерално зависи од формата на проектот и од потребите на карактерот и тоа што всушност му треба. Се разбира, ја користам мојата интуиција и основниот инстинк за глумење, но придружено со долг процес на истражување и разгледување на сите можности на ликот на карактерот со цел да се има целосна слика за него.

Што е најголемата разлика од глумење за на филм и во театар?

Филмот и овозможува на публиката да го доживее во многу блиска и интимна средина преку секој минимален израз, дури и да ја пренесе целата приказна. Од друга страна ја сакам живоста на театарот без прекинување и застанување на изразот на актерот и формирањето на вистинска и цврста врска со публиката.

Што беше твојата главна задача во подготовката за твојата улога за овој краткометражен филм? Социјалните аспекти, психологијата, временската рамка…

Од моментот кога го видов сценариото се вљубив во главниот лик Ана. Во целост можев да се поистоветам со нејзините чувства и да го оправдам нејзиното бунтовничко однесување во таква конзервативна околина, и исто со користење на говорот на телото бев во можност во целост да го изградам ликот.

Дали си феминистка – од овој краткометражен филм произлегуваат многу прашања за родот?

Да, и како феминистка, навистина се поистоветувам со женските ликови што предизвикуваат промена во машкиот, патријахален свет.Овој краткометражен филм одговара на еден проблем кој што се уште го има во 21от век, а тоа е доминацијата на машките ,,суперхерои” кои се исто така подржани и од религиите. Затоа, овој филм може да се сфати како дел од големата револуција за родова еднаквост што моментално се одвива на глобално ниво.

2

Уметниците во другите земји се големи бунтовници (на пример сите промени во источна Европа биле предводени од уметници); овде тие се првите што се ,,продаваат за нешто регресивно. Дали сметаш дека ова ќе се промени?

За жал во мојата земја тешката економска ситуација ги присилува дури и уметниците да и се поклонат на владата. Не сум сигурна дека ова може да се смени во блиска иднина, бидејќи секоја следна влада се грижи за своите ,,деца”, но би сакала да верувам дека уметниците ќе ја задржат својата независност и ќе придонесат за развојот на општеството.

Насекаде уметниците (вклучувајќи ги и актерите) прават нешто бесплатно. Дали сметаш дека ова е нешто добро или само израз на фрустрација на опшествата?

Уметноста не зависи од пари, но уметниците треба да имаат пристоен приход за да можат да живеат, меѓутоа денешниот капитализам ја оштети уметноста произведувајќи премногу скапи квази-уметнички производи кои не се вреднуваат за нивната естетика и убавина, туку поради успешниот маркетинг.

Игор Поп Трајков

Превод: Андреј Наумовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s