Македонски

Белгија

grand place borders

На што помислувате кога размислувате за Белгија? Дали мислите на помфрит, вафли, пиво и чоколади? Или можеби помислувате на Брисел, различните институции во Брисел и Манекен Пис? Па, не би погрешиле, секој што пробал вистински mitraillette во Брисел, топла вафла во Лијеж, пиво од Фландриска опатија, или какво и да е чоколадо од Côte d’Orќе ви каже дека Белгијците знаат како квалитетно да се најадат. Но, тоа е само една од многубројните карактеристики.

Белгија е жива, разновидна и невообичаено комплексна земја. Мала е по големина но огромна во култура, малубројна, но со огромно значење. Бисерот од Ниските земји, неговите единаесет милиони жители, триесет илјади километри квадратни, седум – да, седум – еднакви влади и три службени јазика, „Бојното поле на Европа“, како што ја нарекуваа, има да понуди многу повеќе отколку што мислевте. Таа е земја полна со изненадувања. Да се открива Белгија е како да се оди на неочекувана потрага по богатство, каде секое откритие ве тера да копате подлабоко во оваа необична, но толку шармантна земја. Изнајмете автомобил, качете се на моторите, или спремете го палецот за автостоп и подгответе се за да ја истражувате чудесната, разновидна Белгија. Од југоисток до северозапад, од густите Арденски шуми до широкиот брег на Остенде низ сјајните згради на Брисел, да одиме во потрага по богатствата на Белгија!

Првата работа којашто ќе ја забележите кога првпат ќе стапнете во Белгија е разновидноста на јазици, особено нивното значење во белгиското општество. Навистина, Белгија е дел од мултикултурните земји чиишто жителија поврзуваат гордоста и чувството дека припаѓаат некаде со јазикот кој го говорат, и особено начинот на кој го говорат. Дури „јазичните општества“ со своите граници, главен град и влада, порано беа признаени со Уставот. За да имате идеја за значењето на јазичната претставеност, владите коишто ги претставуваат заедниците во коишто се говори фламански, француски и германски, имаатеднаква моќ  како и федералната влада.

Да, Белгијците придаваат големо значење на нивниот јазик, но неговата врска со нивниот идентитет варира во различни предели на земјата. Раседните линии не се вкопани само меѓу говорителите на холандски, француски и германски. Во Валонскиот регион – кој ги опфаќа француските и германските подрачја но не го вклучува Брисел- покрај на француски, месното население може да ви говори на луксембуршки во Арлoн, лоренски во Виртон, пикардски во Монс или Турнаи или стотици различни варијации на валонскиот јазик каде било во Валонија.Само што ќе ја поминете јазичната граница помеѓу Фландријаи француското подрачје, и ќе ви започнат проблемите. Најпрво, не ни помислувајте да им кажете на Фландријците дека зборуваат холандски. Да, технички тој им е официјалниот јазик, но Фландријците говорат… па фландриски –  верзија на холандскиот со помек призвук, и навистина, само Белгијците и Холанѓаните ги разликуваат. Најучените ќе ви кажат дека фландрискиот е најточната верзија на холандскиот, и дека стандардниот холандски е всушност дијалект, лажно промовиран од Хаг. Најтврдокорните од нив, наречени Фламингантиод нивните соседи кои говорат француски, одбиваат да зборуваат со вас на кој било јазик освен фландриски. Доколку слушнат дека зборувате на француски, холандски или пак германски во одредени ресторани ии барови во Антверп – којшто се смета за неформален главен град на Фламингантите – може нема воопшто да ве услужат.

Доколку се нафатите да се интегрирате и да научите фландриски, тогаш мора внимателно да го одберете вашиот град. Како резултат на историскиот неуспех на стандардизација на холандскиот, фландрискиот е пофрагментиран јазик од валонскиот. Речиси секој град има свој вид на фландриски. Лојвен, Антверп или Остенде, сите имаат свои дијалекти кои се разликуваат. Роден говорител од Брисел не би можел да разбере говорител на западнофландриски од Кортрејк. Во сиот овој јазичен хаос можеби главниот град би бил најлесниот избор? Не баш. Брисел е технички фландриски – со свој сопствен дијалект, бриселски – единствениот официјално двојазичен регионна земјата и истовремено најголемиот град во кој се зборувафранцуски во Белгија. Над95% од жителите на градот секојдневно говорат на француски. Иако поради неговиот интернационален статус како неофицијалниот главен град на Европа, му се отстапува место и на англискиот како јазик кој се говори во Брисел.

Улогата и сложената положба на јазиците низ Белгија може да ве фасцинира или да ви предизвика главоболка. Но, најзачудувачката карактеристика која може да ве воодушеви и да натера да се заљубите во земјата е дел од белгискиот начин на живот. Белгија можеби е неорганизирана, понекогаш неуредна, често институционално сложена земја, и на Белгијците некогаш им е тешко да живеат заедно, но една работа ги спојува низ цела земја. Не е важно дали е тоа во највалканите улици на Шарлероа – постојано крунисуван како најгрдиот град во Белгија – крчмите во Антверп или каналите на Бруж, „Венеција на северот“, има едно богатство помеѓу сите Белгијци и низцела Белгија: нивната љубов за животот. Ако има едно нешто вокоесе добри Белгијците, тоа е славењето на животот. Слободното време е сложен и суштински дел на културата на Ниските земји. Секој агол, секој град,секое село, има свој, многу белгиски, начин на славење на животот, неговите задоволства и подароци.  Ако сакате да ги откриете богатствата на Белгија, одвезете се до Лијеж на четиринаесетти јули. Отидете со велосипед до Визе, на дваесет минути од Холандија, сред август, и минете го денот пиејќи низ целото село. Автостопирајте до Динан и прошетајте низ Арденските шуми. Качете се во воз до Нов Лојвен и учествувајте во целодневна студентска трка во пиење пиво. Одморете го црниот дроб и делете превоз до Лојвен на еднодневна екскурзија, ужувајте во сликовитата архитектура на еден од најстарите градови во Белгија. Посетете го центарот на Брисел, пробајте го неговиотmitrailletteсендвич, багетка долга 40cm полна со помфрити месо, и преплавена со сос.  Ако уште ви е жив стомакот,пробајте frikandel, белгиско месо, чиј рецепт не сакате да го знаете. Качете се во уште еден воз, пред да направите тура во „траписките“ манастири, производителите на најдобрите пива во светот: Leffe, Affligem, Forest, Val-Dieu, Westmalleи кралот над кралевите, со награда за најдобро пиво во светот во 2005 и 2013, Westvleteren XII. Но, внимателно со тоа пиво, смеете да купите самоедна гајба годишно и тоа од манастирот.

На кој подобар начин можете да се наградите и заслужено да одморите по вашето нееројатно патување, од тоа да изнајмите мал апартман на брегот на Остенде?Можеби не им го разбирате фландрискиот но сигурно ќе ви се допадне смирувачкот звук на брановите во Англискиот канал.  Како што ќе си потпивнувате Hoegaarden, ќе се сетите на забавниот дух на белгијците од секоја генерација кои ги запознавте во старите крчми и нивните тераси, во градините на опатиите и на калдрмите. Ќе си спомнувате на великодушноста околу вас и страста за вкусна лакомост. Како што ми објасни еден Белгиец: „Ние Белгијците, сме навикнати да нѐ газат големите сили на Европа, нашата историја е помеѓу алчни ненаситни соседи. Нашиот начин да се спрвиме со тоа е да се гордееме со нашата скромност преку хумор на наша сметка, добродушност и љубов за слободното време“. Тоа е Белгискиот дух, и на тоа ќе се сетите кога ќе ве прашаат: „на што помислувате кога размислувате за Белгија?“

Antoine Lomba
Translator : Evangelina Chapkanovska

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s