Интервју

Познат во подземјето – остварување на сонот

IMG_9405

Патот од хип-хоп до хаус: како Кристофер Маикен стана Маикен Рил.

https://www.facebook.com/maikenreelworldwide/

Кога започна твојата авантура со музиката?

Започна кога имав 13 години. Се собиравме со моите пријатели после часови и за време на паузи – имавме наши шифри “наш јазик”, правевме круг и некој ќе застанеше во средина да битбоксува. Почнуваше најхрабриот, тоа го викавме кршење на мразот, потоа ќе почневме да рапуваме најчесто однапред напишани текстови, потоа рапувавме со шифрите – да ги покажеме нашите способности. Како што станувавме подобри веќе не ни пишувавме текстови туку рапувавме што ќе ни дојде. Тој период повеќе бев заинтересиран за хип-хоп, правев вакви шифри, учествував во рап битки… Низ годините се пријавував на талент шоуа, кадешто пријател ми го претстави Фрут луп Студио – музичко-продукциски софтвер. Па така, почнав да правам музика на 17 години, ама не беше ништо сериозно, на почетокот ништо не беше добро, само јас ги слушав тие песни и ритмови.

Што те поттикна?

Културата, хип-хоп начинот на живеење, сакав да бидам млад Емси – знаеш шТо мислам брат. Хип-хоп културата имаше големо влијание врз мене, постојано работев на моето пишувње, моето рецитирање, да пренесам колку што можам повеќе. Тој период запознав многу луѓе, со текот на годините создадов многу врски, имав шанса да запознаам познати луѓе од музичката фела – што беше убаво. Бев изложен на различни начини на живот, имаше и лоша страна секако.

Дали мислиш дека музиката те вовлече во невољи?

Спортивно на мислењата, искрено, музиката беше мојот спас. Додека растев, бев многу изгубен, немав самодоверба, го барав својот идентитет – почувствував дека музиката ми даде цел, другарите ме ценеа поради музиката што ја правев, се чувствував подобро, чувствував како да правам нешто, создавав музика. Мислам, некако како да ми даде самодоверба. Ми донесе повеќе добирна отколку невољи. А кога бев во непријатни ситуации, не беше поради музиката, сам бев крив, таа само беше тука.

Дали ти текнува на првата песна која ја засака?

Кон сите песни што ги правам имам еднаков love – hate однос бидејќи кога правам некоја песна целосно се посветувам, страствено работам на неа и се обидувам да биде совршена. Но, како повеќе ја слушам- така почнувам да наоѓам маани и сфаќам дека мора да ја завршам веднаш или никогаш нема да биде готова. Дури се случува да се срамам да изведам песна пред луѓе затоа што мислам дека не е добра и не сум работел доволно. Но тоа е минато, сега повеќе се концентрирам на напредок, на совршенството. И покрај стравовите, сега сум похрабар.

IMG_0915

Колку е важна музиката во твојот живот?

Една од најважните работи во мојот живот. Музиката е приказна, фрекфенција на која сакам постојано да бидам приклучен, универзален јазик, единствениот што без разлика на мајчиниот може да го разберете. Мислам дека на еден или друг начин музиката навистина ги поврзува луѓето. Поради неа запознав многу луѓе бидејќи постојано ја следев. Бев заглавен на одредени жанрови музика, но сега пробувам да слушам што е можно поразлични песни. Нема да дискутирам дали постои добра и лоша музика, не сакам да се чувствувам заробено.  Јас преку музикита се обликувам како личност. Поотворен сум бидејки и со музиката сум таков, прифаќам различни култури и луѓе.

Дали имаш некои водачи или ментори?

Немам никаков водач, самиот себеси се водам (се смее). Всушност, има еден ДиЏеј и продуцент – Hot Since82, се стремам да бидам како него, дури и за спомен направив hotsince86 микс (роден сум таа година). Него го сакам бидејќи секоја песна му е квалитетна, не е познат како Дејвид Гета, го знаат во подземјето – кон тоа се стремам и јас. Не сакам да бидам толку познат да не можам да се шетам по улица.

Ако треба да избереш каква музика ти се мотка низ глава тоа би било?
Жанр во кој најмногу се пронаоѓам е хаус, сакам и дабстеп. Имам чуство дека хаусот има некаква душа. Порано многу слушав хип-хоп, можам да рецитирам рими, но сфатив дека не се пронаоѓам во пораките на тие песни. Рапуваат за насилство и оружје и кучки и накит – што не е во склоп со мојот карактер.

Каде наоѓаш инспирација?

Некогаш се инспирирам во сон. Ќе слушнам неверојатна мелодија во сон, станувам и мора да ја направам песната. Ја слушам во глава ама кога почнувам да ја правам звучи сосема поинаку. Па така не се работи секогаш за инспирација, најчесто е мотив да направам одредена песна. Некогаш се форсирам да ја ставам на лист песната – буквално да создадам песна за еден ден.

IMG_0928

Каков е твојот креативен процес?

Се трудам да не се придржувам до некои методи. Некогаш дур одам по улица ќе добијам некоја идеја и, бидејќи во моментот не можам ништо да искомпонирам, ги снимам мелодиите на телЕфон, колку да се присетам подоцна. Но ако сум подготвен да компонирам тогаш си играм, се обидувам да биде забавно инаку не вреди.

Чие влијание може да се препознае во твоите изведби?

Можат да се слушнат влијанијата на европскиот хаус и американскиот хип-хоп. Сакам да гледам на мојата музика како меѓународна па затоа се обидувам да соберам влијание од цел свет.

Стануваш од кревет и …?

Алармот ми ѕвони со Dirty Laundry, заразна дабстеп песна со ритам што ми се допаѓа. Го имам наместено алармот такашто за да го исклучам треба да прочитам позитивна порака за почеток на денот, потоа правам кафе, се молам и правам листа со дневните обврски.

Најдобриот музички момент?

Обично песната на која моментално работам е најдобриот музички момент затоа што никоГаш не знам каква ќе биде реакцијата на публиката. Мене може ќе ми звучи во ред, а подоцна нема да бидам задоволен, па ќе почнам да работам на нешто ново – и тоа ќе најдобриот момент. Секогаш нешто што се случува во моментот – најдобриот момент е сега.

Што е следно?

Сакам да ја проширам мојата музика и сакам да настапувам на големи фестивали. Да бидеш ДЈ е бренд – најдобриот начин што јас го знам да ја развивам музиката (кариерата).

Како Макиен Рил останува свој, реален кон себеси?

Не смеам да заборавам дека мојот живот е филм – така и ми текна на името. Главинот лик треба да дојде до точката на победа, треба да ги оствари своите цели. Јас сум главниот лик и нема да застанам дур не ги исполнам моите сонови. Верувајте ми, овој филм ќе има среќен крај.

Aleksandra Grzyb

translation: Nina Mirchevska

Photgraphy : https://www.facebook.com/ogi.ancevski

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s