Култура

Модернизмот кој живее во природата

Kenzo_Tange_1981

Дизајнер на највисоката зграда во Јапонија, “Владата на Токио Митрополитот Шинджуку” и добитник на наградата Прицкер Архитектура е исто така автор на урбанистичкиот план за градот Скопје. За жал, само мал дел од проектот на Кензо Танге беше реализиран, како железничка станица и комплекс од згради наречени “Градски ѕид”. Овој комплекс го одразува одличниот вкус на архитектот за планирање и комбинирање на живеалишта и работни простори, како и неговото влијание од традиционалната јапонска архитектура, чија главна цел е да биде дел од природата.Тоа е причината зошто центарот на градот е елегантна комбинација на бетонски масивни блокови со паркови и дрвја.

Според неговиот план (што не беше реализиран), целиот сообраќај требаше да оди на исто ниво како и железничка станица која се базира на високи бетонски столбови Колку несреќно ова никогаш не било изградено, бидејќи тоа би било одлично решение против сообраќајниот метеж.Кензо Танге го доби овој проект од ОН, со цел да помогне во обновата на уништениот град од земјотресот во 1963 година. Подоцна, тој стана еден од најголемите архитекти на 20 век во светот. Вообичаеноста да работат заедно во тим на еднакви причини, тој го зеде од неговиот пријател Валтер Гропиус. Оттука, во неговите дизајни, тој бил силно (особено на почетокот на својата кариера) инспириран од Ле Корбизје, со кого се запознал пред да стане студент по архитектура. Во 50-те години, тој стана дел од движењето кое во последно време беше наречено Метаболист, и исто така беше еден од основачите на архитектонскиот структурализам.Тој исто така ги направил урбанистичките планови на градовите Токио и (за враќање на уништениот град) на Хирошима. Од 1963 до 1974 година бил професор на Универзитетот во Токио.

1

Неговите предавања беа неверојатни, па често беше поканет да предава на други универзитети. Во 1964 година, беше отворена “Yoyogi National Gymnasium”, објект за Олимписките игри. Во 1967 година, тој ги подготвил урбаните планови за окрузите Фиера во Болоња и Либирино во Катанија. Тој исто така ја дизајнирал катедралата “Св. Марија” во Токио и е автор на фасадата на “Зградата на Врховниот суд” во Исламабад. Некои теоретичари го сметаат Кензо Танге како дел од бруталистичкото движење и, следствено, како архитект којшто има најголемо влијание врз британските архитекти во текот на 60-тите. Во 60-тите и 70-тите години, Танге беше најбараниот архитект во светот; во 80-те години, тој беше поканет од градоначалникот на Париз, Жак Ширак, за да го дизајнира мастер планот за плоштадот во “Place d’Italie”, кој го поврзува градот долж исток-запад оска.

Игор Поп Трајков

Translator:

Ana Mihajlovska

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s