Интервју

Здраво, вселено! – Интервју со студентот за дизајн на вселенски летала Сиири Талвисту

Сиири е 26-годишна девојка од Естонија која минатата година ги започна своите студии за дизајн на вселенски летала. Од сега работи и на програмата REXUS која им овозможува на студентите да работат на вистински технолошки експерименти на ракети и балони.

28694386_10215851021253081_801558421_o

Кажете ни малку за себе? (вашата образовна позадина и хобија, што сакавте да станете кога бевте мала)

Како дете, моите амбиции за тоа што да бидам кога ќе пораснам, варираа од лекар до чувар во зоолошка градина. Немав некаков план се додека не почнав да студирам телекомуникации на локалниот технички универзитет, бидејќи се чинеше како најкул програма за дипломци под ИТ факултетот. Правев пауза од една година само за да работам и да осмислам што понатаму, и на крајот открив дека постои програма наречена ,,Дизајн на вселенски летала”на која беше бесплатно дасе студира. Се пријавив без размислување, а потоа сфатив дека всушност се пријавив да живеам во Арктичкиот круг, далеку во северниот дел на Шведска. Се сеќавам кога во средно училиште седев на часовите по математика и размислував како никогаш нема да ми треба тоа и едвај успевав да извадамбодови за да го положам предметот. Но, воопштоне сум имала право – следеа скоро 4 години математички студии.

Како се заинтересиравте за вселенската наука? Како започнавте да размислувате за кариера како што е дизајнот на вселенски летала?

Науката за вселената отсекогаш ми беше интересна и за време на моите студии за телекомуникации, само се осмелив да помислам дека некогаш можеби би можела да бидам дел од сателитска програма, но изгледаше нереално. Сепак, сега се чувствува пореално од кога и да е и тоа е она што тие го очекуваат од дипломираните студенти.

Кои беа вашите очекувања пред да започнете со студиите за дизајн на вселенски летала?

Ех … Не очекував премногу – само многу механика и многу анализи на различни вселенски мисии, па затоа не морав да се разочарам.

Што најмногу ве фасцинира околу Марс, Месечината, Вселената? (Која дестинација на Сончевиот систем ви е сѐ уште највозбудлива, за која најмногу би сакале луѓето да продолжат да истражуваат?)

Кога размислувам за вселенскиот просторот, најчесто е за тоа колку не го познаваме и колку  неверојатно е голем кога ќе почнете да минувате низ нашиот сончев систем, низ нашата галаксија Млечен Пат.Природата на вселената е неверојатна. Постои толку голема разновидност на планети, месечини, ѕвезди, маглини итн. Фасцинантно е, но сепак и страшно во исто време – дали има само еден куп прав и карпи што лебдат околу или има спектакуларна вселенска инвазија која се случува токму сега милиони светлосни години далеку? И двете опции се можни. Сѐуште не знаеме!

Кажете ни повеќе за вашиот проект REXUS/BEXUS. (Што правите и кога е лансирањето?) (Kога започна проектот? Колку луѓе сте во тимот? Кои се најголемите предизвици со кои се соочил вашиот тим? И како вашиот тим се справил со тоа?

Програмата REXUS/BEXUS им овозможува на студентите од универзитетите и останатите високишколи низ Европа да спроведуваат научни и технолошки експерименти за истражување на ракети и балони. Секоја година се лансираат две ракети и два балони, кои носат до 20 експерименти дизајнирани и изградени од студентски тимови.Нашиот REXUS тим е BESPIN – тоа е студентски проект од Лулеа – Технолошкиот универзитет за ракетни експерименти за студенти. Проектот е реализиран во рамките на билатерален договор помеѓу Германскиот воздушен центар (DLR) и Шведскиот национален вселенски одбор (SNSB).Спонзорисе: ESA(Европска вселенска агенција), SSC, мобилна ракетна база на ZARM (MORABA). Целта на проектот BESPIN е да дизајнира и тестира инженерски доказ за концептот за развивање на балон од ракета.Целта е да се постигне првична флотација на балонот пред споро контролирано спуштање. Лансирањето на експериментот се планира да биде во текот на март 2019та година од вселенскиот центар Esrange во Кируна.(Експериментот е многу сличен со Советската вселенска сонда Vega 1 и Vega 2 во 1986 година, кои требало да пловат над Венера и да вршат мерење без да слетаат.) Во моментов тимот е на почетокот од проектот, така што засега нема некои пречки, освен што треба да се работи заедно за да создаде соодветен документ од 100 страници. Нашите 2 недели работа конечно се исплатеа и добивме одобрување.

Каде се гледате себеси по завршувањето на студиите?

Прилично сум тазе во студиите за вселената и дури сега почнувам да ги сфаќам можностите во вселенската индустрија. Моментално планирам да продолжам во телекомуникацискиот правец како инженер или истражувач во вселенската индустрија.

Што мислите за новите приватни воздухопловни производители како SpaceX, Blue Origin, Rocket Lab?

Истражувањето на просторот е во нашата природа и комерцијализацијата на просторот го докажува тоа. Зголемената инвестиција во приватни компании дава уште еден добар поттик за истражување на вселената. На пример, мисијата “Mars One” (2027) сака да ја заобиколи бирократијата и да им даде шанса на луѓето да летаат на Марс, или мисијата “Prospector 1” од Deep Space Industries да иницира за прво меѓупланетарно рударство во светот.

Дали го гледавте лансирањето на Falcon Heavy на 6ти февруари?

Да, го гледав. Сум гледала толку многу лансирања претходно, и кога лансирањето на Falcon Heavy на 6ти февруари се одложуваше за неколку часа повторно и повторно, ние (колегите студенти) се повеќе и повеќе бевме загрижени. Барем видовме дека “Falcon Heavy” располага со најинтересните вселенски остатоци во светот.

Каков совет би му дала на некој што сака да започне студии за дизајн на вселенски летала?

Вселенската индустрија е толку широка област – доволно е само да ја сакате вселената. Луѓето учат темелно многу тесно ограничени теми,тоа е од клучно значење за да се добие соодветен тим на експерти кои се квалификувани/ компетентни за темата за која се страстни, дали тоа се вселенски остатоци, вселенска оптика, геофизика, дизајн на антена итн.

4148852468_c50652efb3_b

Што мислите дека е ,,следната голема работа” за вселенската наука?

Прашањето – дали има живот надвор од Земјата е сѐ уште фасцинантно. Научниците бараат какви било бактерии кои се кријатво Европа (месечината на Јупитер), Енцелад (месечината на Сатурн), астероиди, падури и надвор од нашите вселенски летала. Постојат сомнежи, но тестовите кои се прават на Земјата може да сугерираат на тоа дека потенцијални вонземјени форми на живот може да преживеат таму. Дури и ако тие се само микроскопски.

Што мислите за Естонските вселенски студии? (TTU-Mektory неодамна објавија дека ќе испратат сателит во вселената на крајот на оваа година или на почетокот на следната)

Многу сум среќна што Естонија стана дел од “вселенската-банда” и продолжува да покажува интерес за вселенската индустрија – дефинитивно има многу теми во кои може да се уживакои ќе бидат многу корисни за земјата и за општиот просперитет на вселенската наука. Се надевам дека овој проект ќе напредне  од еден студентски проект во сериозни почетоциза справување со проблемите на космосот за човештвото воопшто – дали ќе станува збор за осврнување кон тековното легло во вселената и работењето на испраќање вселенски летала за собирање на нефункционалните сателити кои претставуваат ризик за судир со оние функционалните (вселенски остатоци), фармацевтски развој за спроведување на медицински истражувања, бидејќи во микрогравитацијата постои потенцијал за производство на супериорни и поефикасни лекови.

Ан Аро

Превод : Маја Краљeвска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s