Култура

Позади сцената

Дали некогаш сте се запрашале како биле создадени вашите омилени песни? Која била инспирацијата и приказната позади текстот на песната што го мотивирала авторот а сеуште има милиони ентузијасти за истата песна низ цел свет? Некогаш може да бидат среќни околности, понекогаш е лично, често тажно животно искуство.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Да започнеме со легендарната балада „ Hey Jude„, песна на анлискиот бенд The Beatles компонирана од Paul McCartney во 1968 година. John Lennon и неговата сопруга Cynthia Lennon се разведоа после неговата врска со Yoko Ono. Нивниот син Julian премногу се растажил поради разводот на неговите родители. McCartney одел во домот на Ленон со цел да го расположи Jules и да го поддржи целото семејство. По пат потпевнувал песна која започнувала со “Hey Jules – don’t make it bad, take a sad song, and make it better…”. McCartney често компонирал песни додека возел. Идејата да напише емпатична, надежна порака за Julian стана реалност. Иако, Paul неколку пати ја потенцираше позадината на песната, многу луѓе вклучувајќи ги и John Lennon (и Judith Simons, новинар во Daily Express) помислиле дека песната е посветена на нив. Особено Ленон се почуствувал благословен од песната на McCartney за неговата врска со Yoko Ono и новите музички проекти. Julian Lennon дури после две децении сфатил дека „ Hey Jude„, посветена била за него.

Некои песни се дел од одредена жалост. На 20ти март, 1991, 4 годишниот Conor, син на Clapton, падна од прозорот на 53-иот спрат на зградата во Њујорк. Тоа било преголема загуба за Eric Clapton, кој бил уживател на дроги, а после доаѓањето на свет на неговиот син тој одлучил да биде примерен татко и останал чист од дроги. После трагедијата многу голема била веројатноста дека повторно ќе почне да зема дрога, но тој сепак се посвети на музиката и само неколку месеци подоцна заедно со Will Jennings, ја напишале Tears in heaven (Clapton ја напишал првата верзија) која истотака била искористена и во филмот Rush. Преку песната уметникот сакал да си ја намали болката но истовремено и да ги поддржи сите останати родители кои страдаат по своите деца. Подоцна, Клептон беше јавно активен за да ја подигне свеста кај родителите за прозорци и скали за деца. Иницијално песната не беше наменета да биде слушната од јавноста, затоа што била премногу лична, и која му помогнала да не полуди од болка по својот син, подоцна ова било објавено од Clapton, во неговата автобиографија. Како и да е, во 2003, престана да ја изведува во живо песната Tears in heaven цели 10 години.

23953051439_4cbe92734b_o

Главниот град на Полска ги соедини David Bowie и Brian Eno. Brian Eno, ја посетил Варшава само два пати во 1973 и 1976, на поминување кога патувал помеѓу Москава и Берлин (во тоа време Bowie се плашел од авиолетови). Експертите не се сигурни која поста на Бови имало директно влијание на неговата работа, создавањето на песната.

Сепак, за време на тие неколку часа поминати во Варшава, уметникот бил на прошетка и купил некои записи, меѓу кои и полски народни песни од Śląsk Song  и танцовиот ансамбл. Темната комунистичка атмосфера на Варшава го импресионирала музичарот. Во 1977 песната Warszawa беше реализирана. Главно е инструментална песна со краток вокален дел. Почетокот на песната е драматичен и монументален, тој бил компониран од Brian Eno. Вокалниот дел бил инспириран од традиционаланта музика на Полска што ја слушаш додека ги купувал албумите. Bowie го измислил текстот на песната и нема ништо заедничко со ниеден јазик. Еднаш, во едно интервју за Полскиот магазин Tylko Rock, музичарот кажал дека преку оваа песна тој сакал да „ ги изрази чуствата на луѓето кои се жедни да бидат слободни, тие може да ја почуствуваат миризбата на слободата…но тие не можат да ја дофатат неа“. За многу критичари Warszawa сеуште е една од најдобрите песни на Bowie.

Некогаш песните настануваат случајно. Во 1965, Keith Richards, гитаристот на Rolling Stones, неочекувано се разбуди сред ноќ со мелодијата во неговата глава. Тој ја отсвирил мелодијата со акустична гитара и ја снимил на касетофон. Утрото ги проверил снимиките од касетофонот. Тој слушнал 30 секунди од рифови придружени со вокален текст “I can’t get no satisfaction”. Изгледало како тоа да го напривил во текот на целата вечер затоа што после тие 30 секунди се слушало само хрчење. Иницијално, Ричард не видел елемен на комерцијаност во мелодијата. Тотално различно од Mick Jagger кој беше инспириран и во многу краток период го напиша текстот на песната. Сите знаеме што се случи потоа.

Слична приказна е поврзана со Queen, Radio Gaga. Песната e компонирана од Roger Taylor, кој бил инспириран од неговиот 3 годишен син. Синчето цело време го повторувало зборот “gaga” и бил доста темперамент особено кога слушал радио.

Вестите не ретко може да бидат инспирација за песните. На приемр, Bob Geldof и неговата I don’t like Mondays била инспирирана од приказната на 16 годишна средношколка, Brenda Spencer. Во 1979, еден понеделник таа пукала во училиште убивајќи 2 возрасни и повредувајќи 9деца. Потоа таа се вратила дома каде што била приведена од полицијата но пред да биде одведена во полиција таа разговарала по телефон со еден репортер на кого му кажала дека тоа го сторила само затоа што е понеделник. Никој не ги сакал понедлниците. Тоа го направила само за забава. На почеток Geldof не бил сигурен за потенцијалот на песната но подоцна песната станала светски хит, освен во САД поради тематиката на песната. Обично песната одела на етерот на радио станиците по понеделниците.

Вистинската животна приказна на една млада девојка е мотивацијата на дуетот Lennon/McCartney да ја напише She’s leaving home. Во 1967 насловните на Лондонските весници беа фокусирани на Melanie Coe, 17-годишна девојка што го напуштила својот дом. Весниците ја опишувале Melanie Coe, како солиден студент, која во суштина поседувала се’ што една 17 годишна девојка можела да посака. Сe’ освен разбирање, посветонст и љубов од нејзините родители. McCartney и Lennon воопшто не се соочиле со предизвици додека го пишувале текстот на песната. McCartney генерално ја опишал ситуацијата а Ленон ја дава преспективата од страна на родителите. Особено е интересно што McCartney се сретнал со Melanie пред неколку години кога таа победила на ТВ натпревар и нагрдата и била врачена од неговите раце.

Има многу примери кои си зазеле свое место во културата и сеуште влијаат на младите уметници и луѓе. Без оглед која била инспирацијата на уметниците да напишат уникатни песни, ние треба да бидеме благодарни на нивната одлука да ги споделат нивните уметнички дела со нас.

the-beatles-509069_1920

Абтор: Паулина Гоембиошка

Превод: Вафире Мухапеми

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s