Македонски

Бум на корејската култура

Популарниот Псај и неговиот Гангам стајл ја отвори вратата кон светот за корејската култура што станува алтернатива за американската

Сигурно сте слушнале за Псај и за неговиот „Опа“ Гангам стајл? Тоа е најгледаното видео на „Јутјуб“ од Јужна Кореа. Веројатно за многумина тоа беше прв допир со корејската забава. Сепак, атрактивноста и културата на оваа земја не започнаа сега, ами многу поодамна. Во оваа статија ќе се обидеме да откриеме што се крие зад овој културен феномен.

download

Најмногу познат како „Hallyu“, станува збор за корејски културен бран, кој се рашири низ целиот свет. Халуи вклучува К-поп (музика), К-драма (серија), кино… Како и „larger” што се однесува на висока технологија, храна, писменост и козметика.

Секако дека популарноста ја предводат К-драмата и К-попот. Од првиот пробив на кинескиот пазар кон крајот на минатиот век, корејската култура постојано расте. „Што е љубовта“ е името на првиот голем хит во Кина. Повеќе од една деценија подоцна, корејската забава продолжува да пасионира милиони млади луѓе пд целиот свет и успева да продре низ сите континенти.

Но, ајде да се фокусираме на К-поп и К-драма.

K-поп е корејска популарна музика. Тоа се момчиња/бендови и девојки/бендови, кои пеат на корејски со англиски хор, беспрекорни кореографии и оригинален изглед. Се разбира, исто така можете да најдете уметник соло. Поп, рок, хип-хоп или балада, изборот е голем. Членовите на бендот имаат обука од неколку години пред да започнат со кариера, тие се избрани поради нивниот талент, но и убавината е значаен критериум. Некои од нив се посебно избрани токму поради нивниот физички изглед, како членот на “L Infinite“. Очигледно, визуелните и естетските моменти се важни точки во К-Поп, слично како и во САД. На тој начин, и јазичната бариера е далеку од проблем.

К-поп е комерцијална музика. За најдобар извоз во странство и допирање до масовната публика, музичките агенции одлучуваат да создадат под-бендови. На пример, „Супер Јуниор“, еден од најпопуларните бендови во земјата креираат различни правци, па така дел од нивната музика е наменет за пазарот во Кина, друг е само за балади, трет… Бендовите можат да бројат многу членови; „СНСД“ е составен од 8 членови. Со музички пазар споделуван меѓу три главни агенции и помали агенции: музичката понуда на К-поп секоја година се обновува со доаѓањето на неколку нови бендови. Долговечност на бендовите не постои, ретки се тие што опстојуваат со години и години.

17063882042_51c055d002_b

Што е со К-драма? Телевизиските серии од од Јужна Кореја продуцираат романса, акција, трилер, мистерија или комедија. Тие немаат „сезони” како американски ТВ-шоу. Најпопуларните обично имаат 16 до 20 епизоди. „Saeguk“ (историска драма) обично имаат повеќе од 30 епизоди. Драмата е добар начин да се откријат некои аспекти на корејскиот живот. Ако сакате да дознаете повеќе за корејскиот работен век гледајте „Misaeng“, доколку сте заинтересирани за корејската историја гледајте „Princess’man““ или „Empress Ki“, јапонската колонизација може да се види во „Bridal mask“. Дефинитивно, К-драмата е маркетинг производ со добар квалитет за да ја промовира земјата и тоа функционира.

Секоја година се одржува церемонија на која се избира најдобрата драма. Можете да ги најдете со превод на „Јутјуб“. Сè е направено за да се следи актуелноста на културната сцена во Јужна Кореја. К-поп и К-драмата се шират надвор од земјата, благодарение на интернетот. Можете лесно да имате пристап до платформи посветени на гледање на серии и музика. Властите се решени да ја претстават земјата како „мека“ сила со цел да ја направат поатрактивна за туристите.

Халуи е само еден чекор од откривањето на корејската култура, која, всушност, сѐ повеќе станива алтернатова за американската. Се надевам дека ја разбудив љубопитноста кај вас.

Red_Velvet_Hallyu_Festival_in_Incheon_2016

Аида Атхмани

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s