Мечување

people-2588748_1920

Мечување е боречка вештина во која два противника се борат со ладно оружје со кое се обидуваат да го “прободат” т.е. боцнат противникот. На почетокот мечувањето било борбен систем кој подоцна прераснал во спорт. Се верува дека неговите корени потекнуваат од Шпанија за што сведочат и значајни книги напишани од шпански мечувалци. Една од нив е книгата Третирање на оружјето напишана од Диего Де Валера помеѓу 1458 и 1471 година и е еден од најстарите сочувани прирачници за западното мечување. Во тоа време мечувањето било основна вештина на шпанските сили во освојувањето на светот, а особено во јужна Италија. Механизмот на современото мечување се појавува во 18 век за време на ренесансата во една италијанска школа за мечување под влијание на француските школи. Во тој период шпанската школа стагнираше и беше заменета со италијанските и француските школи.

Промената на мечувањето како спорт наместо воена обука се случила во средината на 18 век од страна на Доменико Анџело, кој во 1763 година ја основал неговата Академија за Мечување односно Школата на Оружјето, во Лондон. Тој таму ја научил аристократијата на модерната уметност на мечување. Неговата школа ја воделе три генерации и доминирале речиси еден век. Првиот регуларен натпревар во мечување бил одржан во 1880 година ба еден воен турнир за борба и вооружен напад во Ислингтон. На турнирот се одржале серија натпревари помеѓу армиски офицери и војници. Официјалните правила и прописи биле изготвени од страна на Аматерската Асоцијација за Гимнастика и Мечување во 1896 година и истата година се појавува како олимписки спорт.

Во мечувањето постојат три основни дисцилини, кои се разликуваат по видот на оружјето кое се користи, по правилата за време на борбата т.е. делот од телото на противникот на кој се признава погодок или важечката површина. Трите дисциплини во мечувањето се: борба со флорет, борба со меч и борба со сабја.

Флорет е лесно оружје со максимална тежина од 500 грама со кое поен се добива исклучиво со убод и тоа само со врвот во торзото на противникот. Флоретот е полесен од мечот, има помал заштитен гард и појако изразена еластичност. Борбата ја води судија кој проценува кој мечувалец имал предност во напади или кој правилно го извел нападот и во случај на обостран важечки погодок, тој одлучува кому ќе даде поен.

Меч е најмасовно од трите оружја, а кај борбите со меч важечка површина за поен е целото тело на противникот и поен се добива со убод. Кај борбите со меч не постои истото правило како кај борбите со флорет и сабја односно во случај на обостран погодок, двајцата натпреварувачи добиваат поен.

Сабја е оружје со кое во борбите поен се добива со убод и сечење. Кај борбите со сабја важечка површина за поен е горниот дел од телото на противникот и важат истите правила за предност во напади како кај борбите со флорет.

3776618502_f99fdb2cde_o

Покрај оружјето мечувалците се опремени со заштитна опрема како што е мечувачко одело, маска и ракавица. Освен тоа за флорет и сабја мечувалецот носи спроводник пластрон во облик на елек кај борбите со флорет или маица со долги ракави кај борбите со сабја, кои треба потполно да ја покриваат важечката површина. Исто така секој мечувалец има соодветни кабли, споени со оружјето и при убод во важечката површина се регистрира поен со палење на светилка.Мечувањето се одвива на патека широка од 1,5 до 2 метри и должина до 14 метри.Целта, во зависност од видот на оружјето, е да се боцне противникот, но само во строго одреден дел од телото. Автоматски електричните системи регистрираат поени, а правилното изведување го оценуваат судиите. Победник е мечувалецот кој прв ќе собере одреден број поени.Натпреварите можат да бидат индивидуални или тимски, а времетраењето на секоја борба е три минути.

За крај можеме да заклучиме дека иако можеби изгледа како едноставен спорт, мечувањето бара голема подготвеност како физичка така и психичка. Исто така се смета дека мечувањето е втор мисловен спорт веднаш по шахот. Во Македонија засега постојат неколку мечувалски клубови меѓу кои најактивни се Работнички и Ангард од Скопје, во кои тренираат мечувалци кои постигнуваат добри резултати.

Милан Ѓапиќ

Translator: Goran Galaboff

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: