ЦРТАНИТЕ ВО 90тите

spiderman 1

Деведесеттите години беа забележани по многу работи, но една за која многу луѓе навистина размислуваат се типовите на цртани и нивното влијание што оваа деценија ни ги донесе.

Сабота наутро. Нема училиште денес, но некако успеваме да се разбудиме рано за да ги изгледаме нашите омилени емисии на телевизија. Бар вака беше во времето кога јас бев дете. Во деведесеттите, цртаните кои ги прикажуваа на телевизија не беа исти како оние кои денес ги имаме на телевизиите. Всушност, тие се многу различни. Од анимацијата ( која беше најчесто 2Д анимација), до ликовите и приказната која се раскажуваше со нив беше далеку поразлична од онаа денешната. Постоеше одреден елемент во нив што ги правеше секогаш да останат во мојата меморија се до денес и јас сум многу среќен што ги искусив овие емисии во моето време.

Висејќи со мрежи на згради и борејќи се за да спаси животи, Спајдермен: Аниминирана серија која се емитуваше од 1994 година и со најголемо влијание врз мене уште од рана возраст. Она што ми се допадна кај Спајдермен е фактот дека тој не е непобедлив, тој може да биде поразен. Но, тој размислува за неговиот начин на преживување користејќи стратегија и знаење. Иако тој има супер сили како агилност, качување ѕидови, висење на мрежи и неговата познато ”Спајдер чувство ” кое е супер зголемена интуиција за опасност. Создаден од Стен Ли од Марвел Комикс. Интересен факт е, тематската песна на шоуто ја изведува Џо Пери од познатата група Аеросмит.

johnny bravo 2

”Вау мама!”како  што би рекол Џони Браво. Овој лик од Cartoon Network со свое шоу кое го носи неговото име” Џони Браво” секогаш беше забавно да се гледа. Оваа серија е за човек со големи мускули, голема коса, очила за сонце и глас како на Елвис, кој секогаш завршува во бизарни ситуации и секогаш се труди да придобие некоја жена но обидот е неуспешен. Премиерата на ова шоу беше во 1997 година. Мислам дека она што ме натера да го гледам ова шоуто беше чекањето да видам дали дали некогаш ќе биде успешен. Всушност, ”Џони Браво” беше номиниран за неколку награди за цртани филмови и е познато шоу по тоа што им помогна на неколку аниматори да ги започнат своите кариери вклучувајќи го и Сет Мекфарлан.

”Мора да ги освојам”  и го направи тоа.  Посебно во Покемон. Друго шоу што беше многу популарно и направи БУМ помеѓу младите со неговата популарност. Покемон  го имаше како популарна игра на Нинтендо, во продавниците за играчки, картички и сл. А во нашето денешно време Покемон го има како апликација на нашите смарт телефони и се вика ”Покемон Оди” каде што се користи GPS за да се фати покемонот околу нас. И она што е смешно, двата најпознати аниминирани филмови се Покемон. ТВ емисијата е базирана на едно момче Еш кое сонува да стане господар на Покемон. Тој започнува со својот прв покемон- Пикачу кој има електрична моќ. Сите имаат одреден елементарна моќ, како што се вода, оган, земја, натприродна моќ и сл. И на тој начин се борат меѓу себе. Целта е да ги фатат сите.

simpsons 3simpsons 4

И мојата најдобра цртана серија, Симпсонови преживеа 29 сезони, именувана за најдобра телевизиска серија во 20тиот век од весникот Time, имаосвоенодесетицинаградимеѓукои31 Primetime Emmy награди, 30 Annie награди и  Peabody награда. Симсонови има и своја ѕвезда на Холивудската патека на славните. Шоуто е возбудливо, оригинално и нивната комерцијална употреба на сатирата е неверојатна. Шоуто има широк спектар на ликови освен семејството Симсонови и сите се уникатни на свој начин. Толку ми се допадна шоуто што ги снимав епизодите на видео касети. Имав над 40 касети со Симсонови. Имам голем благодарност до Мет Гронинг, креаторот на озлогласеното шоу.

Chris Maiken

Translator: Angela Aleksovska

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: